Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи во Шуто Оризари - Канал 5

Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи во Шуто Оризари

Денеска во Општина Шуто Оризари беше отворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.

Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи во Шуто Оризари

Денеска во Општина Шуто Оризари, во присуство на Градоначалникот на Шуто Оризари - Курто Дудуш, заменичката на Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Ана Чернишова, како и пред претставникот на Делеганција на Европската Унија беше отворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.

Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго. Се предвидува дека годишно, новиот Центар ќе опслужува околу 1000 повратници и други ранливи категории на лица.

Центарот е лоциран во општинската зграда во Шуто Оризари, изграден како посебен модерен и современ, енергетски - ефикасен објект на површина од 310 м2 наменети за потребите на Центарот, но и на Општината, невладиниот сектор и граѓаните.

„Шуто Оризари е првата општина во државата во која што се воведува овој модел на поддршка на повратниците и другите ранливи категории преку информирање, директни контакти и асистирање на лицата активно да се вклучат во социо – економските процеси во државата. Се надеваме дека примерот на нашата Општина ќе може да се реплицира и во други општини при што повратниците и другите ранливи групи ќе ја добијат соодветната поддршка за поквалитетен живот во матичната земја.“ – потенцираше Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Воедно напомена: „ Изминатите години на 8ми април пуштавме во употреба повеќе завршени улици, минатата година го кренавме Ромското знаме на јарбол во новоизградениот плоштад во општина Шуто Оризари, оваа година го пуштаме во употреба општинскиот ресурсен центар за повратници и лица во ризик, догодина на 8ми април се надеваме дека ќе го ставиме камен темелникот на првиот Ромски Културен Центар во нашата општина и во државата и со тоа ќе ја заокружиме и потребата од зачувување на Ромското културното наследство„

Ресурсниот центар, во надлежност на Општината, блиску ќе соработува со сите ресорни министерства, владини тела и агенции, како и со општинските организации и невладиниот сектор.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Ана Чернишова, ја потенцираше потребата од соработка со локалната власт: „Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Општина Шуто Оризари веќе подолго работи во обезбедување соодветни механизми за Ромите и другите ранливи групи граѓани со цел обезбедување услови на еднакви можности за сите.“

Формирањето и изградбата на Ресурсен центар за повратници се ко – финансирани од Општина Шуто Оризари и Европската Унија, а реализирано од Програмата за развој на Обединетите нации.

Се очекува да започне со официјална работа следниот месец, се наведува во соопштението.

Боинг: Кинезите поради царините на Трамп одбиваат да ги подигнат веќе нарачаните авиони

Кинеските купувачи одбиваат да ги испорачаат нарачаните авиони Боинг поради царините, потврди американскиот авијациски гигант откако третиот авион тргна кон САД.

Боинг: Кинезите поради царините на Трамп одбиваат да ги подигнат веќе нарачаните авиони

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе „реципрочни“ царини за Кина, а Кина возврати со истата мерка.

Ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина резултираше со тоа што САД ги зголемија царините за кинески увоз на 145 отсто, а кинеските царини за американските стоки на 125 отсто.

„Многу наши клиенти во Кина укажаа дека нема да ги преземат авионите поради царините“, изјави вчера извршната директорка на Боинг, Кели Ортберг.

Кина е единствената земја каде Боинг се соочува со овој проблем, нагласи Ортберг, додавајќи дека новите авиони ќе ги пренасочат кон други клиенти кои поради глобалниот недостиг сакаат да ги добијат пред договорениот рок.

Враќање на авионите во САД

Два авиони 737 MAX 8 беа пренесени во Кина во март за испорака на Xiamen Airlines, а минатата недела беа вратени во производниот центар на Боинг во Сиетл.

Третиот авион 737 MAX 8 денеска го напушти седиштето на Боинг во Zhoushan во близина на Шангај и се упати кон американската територија Гуам, според податоците за следење на летот од AirNav Radar и Flightradar24.

Авионот е произведен за авиокомпанијата „Ер Чајна“, според базата на податоци за следење на „Aviation Flights Group“.

Ер Чајна не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Кинеската влада не соопшти зошто авионите се враќаат.

Боинг бара други купувачи

Уделот на Кина во неисполнетата книга на нарачки за комерцијални авиони на Боинг е околу 10 отсто, рече финансискиот директор на Боинг, Брајан Вест.

„Боинг“ планираше да испорача околу 50 нови авиони на кинеските клиенти до крајот на годината, рече Вест. Тој додаде дека ја разгледува можноста за продажба на 41 авион на други клиенти, како на завршените така и на оние во фаза на производство.

„Во врска со деветте авиони кои се уште не се во производниот систем, разговараме со нашите клиенти за да ги дознаеме нивните намери да го преземат авионот и, доколку е потребно, можеме да ги доделиме тие позиции на други клиенти“, рече Ортберг.

„Нема да правиме авиони за клиенти кои нема да ги земат“, додаде шефот на Боинг.

Податоците за следење на Aviation Flights Group покажуваат дека 36 авиони нарачани од кинески клиенти моментално се во различни фази на производство и тестирање во американските капацитети на Боинг, вклучително и три кои се вратени, според Ројтерс.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Кинеската Национална вселенска агенција денеска објави дека ќе им позајми на САД, Јапонија, Франција, Германија, Англија и Пакистан делови од карпите што ги вратиле од Месечината за време на нивната мисија во 2020 година.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Во соопштението се нагласува дека американско-кинеската соработка во одредени области како вселената не е целосно завршена и покрај тензиите меѓу двете земји околу геополитиката и царините.

Меѓу седумте институции на кои им е дозволено да позајмуваат примероци од Месечината што Кина ги извади од Месечината во 2020 година се Универзитетот Браун и Државниот универзитет во Њујорк во Стони Брук, пренесува Ројтерс.

Со беспилотната мисија Chang'e-5 во 2020 година, Кина стана третата земја што собира камења од површината на Месечината, приклучувајќи им се на поранешниот Советски Сојуз и САД. По завршувањето на кинеската мисија Chang'e-6 во јуни минатата година, Кина стана првата земја која ги врати на Земјата карпите од страната на Месечината што не е свртена кон Земјата, таканаречената темна страна на Месечината.

Соработката меѓу САД и Кина во вселената одамна е одвраќана со американскиот закон од 2011 година, кој се обидува да обезбеди американските технологии да останат надвор од дофатот на кинеската војска, наведува Ројтерс. Според тој закон, НАСА мора да работи со ФБИ за да му потврди на Конгресот дека преговорите со Кина нема да ја загрозат националната безбедност на САД.

Тогашниот шеф на НАСА, Бил Нелсон, во октомври изјави за Ројтерс дека очекува НАСА да соработува со ФБИ за да добие уште еден сертификат за национална безбедност што ќе овозможи испорака на карпи од Месечината до американските универзитети.

Главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, Ву Веирен, рече дека САД сега се затворени за соработка, иако тоа не беше случај во минатото, кога кинеската агенција беше таа што беше затворена за соработка.

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила .

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило "пајак" и 2 мерки по останати прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

притисни ентер