Отворен ден за волонтери во Лајка - Канал 5

Отворен ден за волонтери во Лајка

Викеднот во прифатилиштето на ЈП Лајка се одржа ОТВОРЕН ДЕН за младите волонтери. 

Отворен ден за волонтери во Лајка

Како прифатилиште за бездомни кучиња навистина не радува што во нашиот град има позитивни примери на млади луѓе, вистински љубители на кучиња кои покажуваат интерес за подобрување на состојбата во која се наоѓаат бездомните животни и со својот волонтерски ангажман им подарија незаборавно време исполнето со многу забава, искрена љубов, внимание и топлина, информираат од ЈП Лајка.

Во своето неколкучасовно дружење и грижа со кучињата имаа прилика да уживаат во нивното друштво, да ги чешлаат, бањаат,играат со нив и да придонесат барам на кратко во подобрување на нивната благосостојба, објавија од Лајка.

Според ЈП Лајка ваквите позитивни примери на млади луѓе заедно со залагањето на претпријатие ќе придонесат во голема мера за подигнување на културата не само за грижа, хуман третман и подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња, туку и за вдомување на кучињата од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. 

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено е: Си на средба со Трамп

 Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. 

Потврдено е: Си на средба со Трамп

Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.

Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер