Отворањето амбасада на Македонија во Вилнус – ново поглавје во билатералните односи со Литванија - Канал 5

Отворањето амбасада на Македонија во Вилнус – ново поглавје во билатералните односи со Литванија

На 1 јуни 2026 година, во Вилнус, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Литванија.

Отворањето амбасада на Македонија во Вилнус – ново поглавје во билатералните односи со Литванија

На 1 јуни 2026 година, во Вилнус, се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш.

Во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, соговорниците ја потврдија заедничката посветеност за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.

Заменик-министерот Димитровски информираше за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со која формално се иницира постапката за воспоставување на Амбасада на Македонија во Република Литванија.

Беше оценето дека овој историски чекор е резултат на силната политичка волја и континуираната посветеност на двете земји за унапредување на меѓусебните односи и претставува ново поглавје во нивниот развој, создавајќи нови можности за интензивирање на политичките контакти, унапредување на економската соработка и меѓусебното поврзување на граѓаните од двете земји.

Во рамки на состанокот, особено внимание беше посветено на можностите за натамошно јакнење на меѓусебната економска соработка, при што беше нагласена потребата од поинтензивно поврзување на деловните заедници и стопанските комори на двете земји. Во истата насока, беа истакнати потенцијалите за продлабочување на соработката и во областите како дигитализацијата и информатичките технологии, одбраната, обновливите извори на енергија, земјоделството и други области од заемен интерес.

Покрај билатералната соработка, двете делегации разменија мислења и за процесот на европската интеграција на нашата земја. Заменик-министерот Димитровски изрази благодарност за досегашната јасна и принципиелна поддршка на Литванија за политиката на проширување на Европската Унија, особено во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, нагласувајќи ја важноста од нејзино натамошно зајакнување.

Заменик-министерот Миткуш нагласи дека Литванија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во процесот на европска интеграција, вклучително и во напорите во исполнувањето на реформската агенда.

Изрази особено задоволство од одлуката за отворање Амбасада на Македонија во Република Литванија, оценувајќи дека овој чекор ќе даде силен поттик кон натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални, европски и глобални предизвици, како и за соработката во рамките на меѓународните организации, потврдувајќи ја подготвеноста за натамошна координација и партнерство по сите прашања од заеднички интерес,се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарникари од Гарешница спасија три деца од превртен автомобил во Австрија

Тројца пожарникари од доброволни противпожарни друштва од областа Гарешница интервенирале во сообраќајна несреќа во Австрија додека патувале во Германија за да соберат донирана опрема, пишува „Bjelovar.live“.

Пожарникари од Гарешница спасија три деца од превртен автомобил во Австрија

Тена Крутак и Домагој Почуќ од ДВД Томашица и Иван Михатовиќ од ДВД Кајгана синоќа тргнале кон Минхен за да ја соберат опремата чија донација претходно ја договориле со Баварското здружение на пожарникари.

За време на нивното патување, во областа Верфен во Австрија, тие наидоа на сообраќајна несреќа. Забележале превртен автомобил покрај патот, како чади. Иако не биле на должност, го запреле своето возило, зеле противпожарен апарат и се упатиле кон автомобилот за да помогнат.

На задното седиште од автомобилот имало три деца. Пожарникарите успеале да ја отворат задната врата и, работејќи заедно, ги извлекле сите деца од возилото и ги однеле на безбедно. Возачот се здобил со полесни повреди. Службите за итна медицинска помош набрзо пристигнале на местото на несреќата и се погрижиле за повредените. Дури откако биле сигурни дека ситуацијата е под контрола, Тена, Домагој и Иван го продолжиле своето патување кон Минхен. Противпожарната служба на Гарешница изјави дека се горди на своите пожарникари и нивниот одговор надвор од службата и границите на Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуатори

Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028.

Скопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуатори

Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку кои истовремено се воспоставува и професионален и независен механизам за подготовка и оценување на програмата.

Повиците претставуваат можност креативните идеи, знаење и професионално искуство да станат дел од официјалната програма на Скопје 2028 и да добијат европска видливост. Целта е да се поттикнат нови уметнички проекти, меѓународни партнерства и активно учество на локалната културна сцена, со силен придонес кон создавање содржини кои ќе остават трајно културно наследство за градот. Преку отворен, инклузивен и транспарентен процес, Скопје 2028 ја гради програмата заедно со културната и креативната заедница и граѓаните, во духот на мотото „Culture Over Division“.

Првиот повик е наменет за уметници, културни организации, јавни институции, универзитети, граѓански организации, креативни професионалци, културни оператори, претставници на креативните индустрии, локални заедници од Македонија, земјите членки на ЕУ и други земји подобни за учество во програмата, кои имаат проектна идеја што може да стане дел од официјалната програма на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028

Проектите се поделени во три категории според нивниот обем и финансиска вредност. За мали проекти предвидена е поддршка од 3.000 до 9.999 евра, за средни проекти од 10.000 до 24.999 евра, додека за големи проекти финансиската поддршка изнесува од 25.000 до 150.000 евра.

Од проектите се очекува да придонесуваат кон програмските цели на Скопје 2028, да имаат јасна европска димензија, да поттикнуваат соработка и вклученост на граѓаните и да придонесуваат кон развојот на културниот живот и долгорочното наследство на градот. Официјалниот повик ги опфаќа петте програмски линии на Скопје 2028: Art4Hope, Togetherness, rECOvering, CreARTing и Heritage.

Вториот јавен повик е за домашни и меѓународни независни експерти кои ќе бидат вклучени во Регистарот на експерти за советодавна и програмска поддршка на програмата „Скопје 2028“. Експертите ќе можат да бидат ангажирани согласно нивната област на професионална експертиза и потребите на Фондацијата во различни фази од развојот и реализацијата на програмата.

Повикот опфаќа експерти од области како уметничко програмирање и курирање, современа уметност, европска културна соработка, развој на публика, културно наследство, културен туризам, креативни индустрии, инклузија, работа со млади, одржливост, мониторинг и мерење на влијанието. Кандидатите треба да имаат најмалку пет години релевантно професионално искуство, а искуството со Европски престолнини на културата, Creative Europe и други меѓународни културни програми ќе се смета за предност.

Третиот јавен повик е за независни домашни и меѓународни експерти – евалуатори, кои ќе бидат дел од Регистарот на независни експерти – евалуатори на Скопје 2028. Нивната задача ќе биде независно, објективно и професионално да ги оценуваат проектните предлози доставени во рамки на јавните повици за програмата.

За евалуаторите се бараат најмалку пет години релевантно професионално искуство, одлично познавање на англискиот јазик, способност за работа со дигитални алатки и онлајн платформи за евалуација, како и професионална независност и отсуство на конфликт на интереси. Предност ќе имаат експерти со искуство во програмите на Европската Унија, Creative Europe, Европските престолнини на културата, меѓународната културна соработка, грант-шеми и независна евалуација на проекти.

„Со отворањето на овие три јавни повици започнува една од најважните фази во подготовката на Скопје 2028. Сакам да ги повикам сите уметници, културни работници, организации и институции да ги достават своите идеи и проекти, а домашните и меѓународните експерти да го понудат своето знаење и искуство.

Нашата цел е да создадеме квалитетна и современа програма во која ќе има простор за различни идеи, уметнички изрази и партнерства, но и јасни професионални критериуми во процесот на селекција. Затоа, паралелно со повикот за проекти, отвораме и повици за експерти и независни евалуатори.

Верувам дека токму преку отворен процес и вклучување на што поголем број луѓе можеме да создадеме програма достојна за Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година и за европското значење на оваа титула“, изјави Марјан Цветковски, директор на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.

Скопје 2028 ја гради својата програма во духот на мотото „Culture Over Division“, со фокус на културата како простор за соработка, поврзување и создавање нови партнерства меѓу луѓето, заедниците и европската културна сцена.

Деталните услови за учество, критериумите, роковите и начинот на аплицирање за сите три повици се објавени на официјалната веб-страница на Фондацијата: www.skopje2028.mk

Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Мал авион се урнал на Алјаска, нема преживеани.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал.

Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс.

Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници.

Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот.

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер