МакедонијаОткупот на тутунот заврши со неполни 15 000 тони, неопходни се законски измениИ официјално заврши откупот на тутун од ланската реколта. Откупени се нешто помалку од 15 000 тони по просечна цена од 353 денари за килограм.Според Државниот земјоделски инспекторат откупната кампања беше неочекувано турболентна. -Во оваа кампања се откупија речиси 15 000 тони тутун по просечна цена од 353 денари. До утре ќе ги знаеме и точните податоци, но откупот моментално се заокружува на нешто помалку од 15 000 тони. Почна подоцна, прво тутунарите не го носеа за откуп тутунот, се случи да има два анекси на договорите помеѓу откупувачите и производителите, што е специфично, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат. Ваквата состојба укажа дека мора да има измени во законот за тутун, но и пожелно е да има либерализација во извозот. Процесот за законски измени е почнат со првиот состанок на 19 февруари во Министерството за земјоделство меѓу откупувачите претставници на Сојузот на земјоделските здруженија и на Инспекторатот. Почнаа да пристигнуваат предлог измени и ќе се формира работна комисија. -Пред, сѐ, увидено е дека има проблем во начинот на договарање, утврдување на цените, улогата на тутунарите при договарањето на цените и, секако, можеби треба да се размиослува за либерализација во извозот на тутун. Тоа значи да се земе примерот на соседните земји и да не мора да важи за секој регистриран откупувач или преработувач на тутун да извезува тутун, туку да извезуваат и помали компании кои би обезбедиле извоз. Така, се надеваме, би се добила поголема конкурентност. Досега се тврдеше дека законот за тутун е добар, и беше, но последните реколти покажаа нешто сосема спротивно. Така што, дефинитивно мора да се работи на измена на Законот за тутун, рече Станкоски. Сојузот на земјоделските здруженија кој откупната кампања ја оцени како катастрофална и не сака никогаш да се повтори, ги доби договорите на компаниите со предлог цени за новата реколта во кои се предлага за прва класа 365 или 375 што е неприфатливо за тутунарите. Сојузот ги повика тутунарите да не склучуваат договори за новата реколта што законски како можност почнува од 1 март. -Категорично на компаниите им испративме електронски соопштенија дека ги отфраме нивните предлог-цени и не ги прифаќаме, зашто оваа година беа повисоки цените од овие сега што ни ги предлагаат за новата реколта. Затоа ги повикуваме сите тутунопроизводители да не склучуваат договори. Фирмите ни ја воспоставија практиката наесен да потрпишуваат анекси на договорите, тогаш и ние, на есен ќе склучуваме договори . Тогаш, пак ќе си ги гажеме нашите цени, нашите трошоци и нашите барања. И тогаш ќесклуќиме договори со која фирма сакаме и која фирма ќе се согласи со нашите предлог цени. А нашиот предлог е што сега компаниите не го прифаќаат 500 денари за прва, 420 за втора и 350 за трета класа. Ние што произведуваме, ќе продолжиме да го произведуваме тутунот, зашто од тоа живееме. Ние не може да го уништиме тутунопроизводството поради интереси на фирмите, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook