Откриена меѓународна допинг-мрежа , тренерите и на бензински пумпи земале крвен допинг

Германскиот доктор Марк Шмит, концептуален лидер на меѓународната програма за допинг со крв, откри двајца други помагачи во интервју за телевизијата АРД, пренесува ДПА.

Докторот од  Ерфурт на германската јавна телевизија во саботата наведе , но не именуваше, австриски крос-кантри скијач и атлетичарски тренер како лица кои се вклучени во давање крвен допинг на неговите спортисти.

Шмит бил уапсен во март 2019 година, по што следеле полициски рации низ Германија и Австрија, вклучително и на СП во нордиски дисциплини, што се одржа во Сефелд, Австрија. Во аферата биле замешани дури 23 спортисти.

Контроверзниот доктор сега е во затвор во очекување на казната за организација на крвен допинг од 2011 година, а работел како тимски лекар за велосипедските екипи „Геролштајнер“ и „Мирам“.

Тој доставувал крвен допинг на состаноци со тренери и спортисти дури и на бензинските пумпи во Германија, но исто така патувал и на Хаваите и на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг.

Бидејќи не можел да пренесе кеси со крв во авионите, тој им вбризгувал крв на спортистите на аеродромот во Франкфурт, а тие спортисти тогаш го ризикувале животот со премногу крв во нивните тела за време на прекуокеански летови.

притисни ентер