Откриена ѕвезда што „голтнала“ дел од планетарниот систем - Канал 5

Откриена ѕвезда што „голтнала“ дел од планетарниот систем

Научниците веруваат дека со овие набљудувања може да се открива составот на планетите вон нашиот Сончев Систем.

Откриена ѕвезда што „голтнала“ дел од планетарниот систем

Ѕвезда што проголтала делови од својот планетарен систем е откриена со помош на телескопот на Европската јужна опсерваторија, којашто инаку се наоѓа во Чиле, во Јужна Америка. Астрономите ги пронашле доказите во „метална лузна“ со големина од околу 500 километри на површината на ѕвездата.

Тимот научници предводен од Стефан Багнул, кај тн. „ѕвезда-канибал“, забележале дамка што, всушност, претставува концентрација на метали „втиснати“ на ѕвезда. Инаку ѕвездата „ВД 0816-310“ е од видот „бело џуџе“, и е сродна на Сонцето. Таа ѕвезда, во последната фаза од својот животен век, полека се лади, и достигнува големина како онаа на Земјата. Истражувачите и претходно забележале бројни „бели џуџиња“ со траги од метал, но овој материјал обично е таков што се откршил од астероиди коишто минале близу ѕвездата и падот кон огненото тело е случаен.

Во последниов случај, металот е „управуван“ од магнетното поле на „белото џуџе“, процес сличен на оној што создава поларно привлекување на Земјата, но и Јупитер.

- Бевме изненадени што овде материјалот (металите) не е рамномерно распореден на површината на ѕвездата. Наместо тоа, оваа „лузна“ е концентрирана и се наоѓа на местото на истото магнетно поле што го водело паѓањето на тие фрагменти. Вакво нешто досега не сме виделе, изјави Џон Ландстрит од канадскиот Универзитет на Западен Онтарио.

Научниците веруваат дека со овие набљудувања може да се открива составот на планетите вон нашиот Сончев Систем. /МИА

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија тимот на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволни пожарникари од Битола .

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи

Работеше цела ноќ, а продолжува со работа и утринава ова утринава го изјави за Канал 5 директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов.

Според него изгорени се напуштени куќи или куќи во кои се пртестојаувало ретко .Нема повредени жители ниту пожарникари.селото е оддалечено околу 35 километри од прилеп.

Поради лошиот и кривулест пат, на екипите им бил потребен околу еден час за да стигнат до населеното место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година

Најголемиот државен универзитет ги започна уписите за новата академска година. Кандидатите за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.

Почнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година

Од вкупниот број места, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места.

За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, годинава бројот на слободни места на сите универзитети е намален за околу 2.000, по направената анализа на потребите на пазарот на трудот. Таа посочи дека квотите се намалени кај одредени струки каде има поголем број невработени, додека кај информатиката, машинството, градежништвото и другите технички струки местата се задржани речиси на исто ниво, поради високата вработливост. објави Скопје1.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата го слави 34. роденден

Армијата на Македонија денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. 

Армијата го слави 34. роденден

Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и граѓаните.

Од Армијата посочуваат дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО-стандарди. Периодот беше обележан со најдинамичниот циклус на опремување и трансформација досега, како и со континуирана поддршка на цивилните институции при кризни состојби и природни непогоди. Армијата во текот на 2026 година демонстрираше висока оперативна подготвеност, интероперабилност и способност за брзо реагирање.

Активен придонес во меѓународните мисии и подготвеност за поддршка на граѓаните

Во моментов повеќе од 180 армиски припадници се распоредени во Романија, Бугарија, Летонија, Косово, Босна и Херцеговина и Либан како и во рамки на мисијата NSATU на НАТО за безбедносна помош и обука за Украина. Покрај меѓународните обврски, Армијата останува подготвена и за поддршка на цивилните институции во справувањето со природни непогоди и кризни состојби. Во текот на летниот период се одржува високо ниво на готовност за евентуално ангажирање во борбата против пожарите, при што повеќе од 300 армиски припадници се подготвени за итно дејствување на целата територија на државата, во координација со надлежните институции.

Од Армијата посочуваат дека се во најинтензивниот циклус на модернизација од нејзиното формирање. Новите оклопни возила „Страјкер“ и „JLTV“ значително ги унапредуваат мобилноста, заштитата и борбената ефикасност на единиците, додека артилерискиот систем „Боран“ обезбедува прецизно огнено дејство на големи далечини. Воедно, воведувањето на современиот противвоздушен систем „Мистрал 3“ ќе придонесе за натамошно зајакнување на националните капацитети за заштита и контрола на воздушниот простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер