Откриен е планот на Трамп за Украина- ќе ја заврши војната преку ветување за американска помош

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку биде реизбран, ќе користи воена помош за да ги натера Киев и Москва да седнат на преговарачка маса и да постигнат договор за прекин на огнот, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори.

Соговорникот на Си-Ен-Ен, запознаен со мислењето на Трамп за ова прашање, рече дека поранешниот претседател најверојатно ќе стапи во контакт со претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, ден по неговиот евентуален избор (во ноември) или инаугурација (во јануари 2025 година. ) за да започнат преговорите за координација.

Тој додаде дека Трамп најверојатно ќе ја искористи американската воена помош за Украина како „потпора“ за да ги доведе двете страни на преговарачка маса.

Соединетите Американски Држави се најголемиот донатор на воена помош за Киев, но предлог-законот за доделување 60 милијарди долари за поддршка на Украина е „заглавен“ во Конгресот од есента, што значително го ограничува снабдувањето.

Европските претставници се загрижени дека следењето на планот на Трамп може да значи Украина да изгуби одредена територија.

Трамп во неколку наврати изјави дека доколку стане претседател, би го решил конфликтот во Украина што е можно поскоро. Во интервју за Фокс њуз минатиот јули, тој рече дека прво ќе контактира со Путин и Зеленски.

„Би му рекол на Зеленски: доста, треба да се договорите. Ќе му кажам на Путин: ако не постигнете договор, ќе ѝ дадеме на Украина многу повеќе отколку што имале досега, ако треба“, рече поранешниот претседател.

„Вашингтон пост“ на 7 април напиша дека во приватен разговор Трамп зборувал за планот за ставање крај на конфликтот во Украина, кој вклучува притисок врз Киев да и ги отстапи Крим и Донбас на Москва.

Советникот на кампањата на Трамп, Џејсон Мулер, тоа го нарече „лажни вести“.

Москва во неколку наврати изјави дека е отворена за преговори, но под свои услови, вклучително и признавање на нови територии.

Киев инсистира на обновување на границите од 1991 година и повлекување на руските трупи. Украинската страна нагласи дека нема да го замрзне конфликтот и дека нема да се откаже од барањето за враќање на териториите.

Европските дипломати во Вашингтон френетично работат на организирање состаноци со сојузниците на Доналд Трамп додека се подготвуваат за неговото потенцијално враќање во Белата куќа, изјавија за Си-Ен-Ен извори запознаени со напорите.

НАТО ги разгледува опциите за зајакнување на долгорочната поддршка за Украина поради загриженоста дека Трамп ќе победи на изборите во ноември.

Во Брисел, претставниците на ЕУ се зафатени со барање начини како да ги искористат средствата од 300 милијарди долари на руската Централна банка, кои се замрзнати на Запад откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон во понеделникот вечерта се сретна со Трамп во клубот Мар-а-Лаго во Јужна Флорида. Портпаролот на британската влада го нарече „стандардна практика“ за средби на министри и опозициски кандидати од партнерските земји.

Камерон и Трамп разговараа за трошоците за одбрана на НАТО, претстојните избори во САД и Велика Британија, Брегзит и „завршувањето на убиствата во Украина“ за време на заедничката вечера, се вели во соопштението од кампањата на Трамп.

Камерон одбил да навлегува во детали за состанокот, но рече дека поддршката за Украина е „инвестиција во безбедноста на САД“ и „добра за американскиот бизнис“. Камерон треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен во Вашингтон оваа недела.

Европејците се загрижени дека доаѓањето на Трамп на власт може да значи дека Украина губи одредена територија, но крајната цел би била да се стави крај на загубата на животи.

„Ако Украина сака континуирана помош, тие треба да седнат и да преговараат, а ако Русија не сака да ѝ дадеме голема количина на нова поддршка на Украина, тогаш тие треба да седнат и да преговараат. Тоа не значи попуштање на Украина или да му дадете на Путин сè што ќе посака“, рекол изворот запознаен со плановите на поранешниот американски претседател.

Филипче: Со Бочварски возевме по новата делница Градско- Прилеп,работите се завршени 90%

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата др. Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско - Дреново, каде работите се завршени над 90%. 

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.

Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

„Цела економија ја раздвижува со експресните патишта на истокот којшто ги направивме, бидејќи таму од 19 век немаше нов пат направено. И за Кочани и Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу отворени нови фабрики и работни места“, вели Бочварски.

Покрај брзата комуникација и развојот на економијата, патиштата поминуваат и низ прекрасен предел од Македонија.

„На истокот се направи револуција со патиштата. Што е се ново? Сега е прво Св. Николе - Штип, Миладиновци - Штип автопатот преку Св. Николе, рехабилитиран е патот за Крива Паланка до Страцин, новиот пат, експресниот, и тој ќе заврши до крај на година, Ранковце - Крива Паланка. Понатаму Крива Паланка - Деве Баир до граничниот премин со трета лента, проширен го завршивме и пуштен е во употреба. Штип - Кочани, експресниот, што ќе значи дека порано возењето од Скопје до Кочани од саат и пол сега е скратено на помалце, околу 45 до 50 минути. Меѓутоа многу е битна безбедноста, значи ова се веќе нови стандарди на патишта коишто важат и во Европа“ - вели Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Украина наскоро би ги добила првите авион Ф-16, ќе ги чуваат во подземни бункери

Украина би можела да го добие првиот авион Ф-16 по Велигден, но точниот датум се уште не е одреден, најави Илја Јевлаш, портпарол на украинските воздухопловни сили.

Како што објави „Киевпост“, тој истакна дека не може со сигурност да каже кога тоа ќе се случи, имајќи предвид дека во неколку наврати се одложува датумот на испорака на првите американски борбени авиони во Киев.

„Доставата се очекува по Велигден, би сакале да ги добиеме што е можно поскоро и да објавиме дека пристигнале“, изјави Јевлаш.

Тој потврди дека украинските пилоти се обучуваат на овие авиони во Данска и во САД. Според портпаролот на украинските воздухопловни сили, веќе се преземени мерки за да се осигура дека авионите се безбедни откако ќе бидат испорачани во Украина.

„За тоа, најпрво е неопходно правилно да се подготви базата за нив. Ова вклучува колосални трошоци, вклучувајќи подземни засолништа и бункери. Затоа, во моментов се развиваат методи за тоа како точно може да се сместат“, рече Јевлаш.

Тој посочи дека по добивањето на авионите Ф-16, вооружените сили на Украина ќе можат да изведат различни операции за одбивање руски воздушни напади и нанесување штета на непријателот. Поточно, 16 борбени авиони ќе бидат распоредени на различни типови на аеродроми, што ќе им отежне на Русите да ги откријат украинските авиони. Ќе се користат различни методи за да се измами непријателот.

Во март годинава, холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен изјави дека првата пратка авиони Ф-16 ќе ѝ биде испорачана на Украина од Данска ова лето. Ова го потврди Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија.

Минатата есен, Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека испораката на авиони Ф-16 сигурно ќе ги зголеми воените капацитети на Украина, но дека тоа нема да биде „сребрен куршум“ кој драстично ќе ја промени ситуацијата на фронтот.

Се огласи и Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, кој рече дека испораката на авионите Ф-16 нема да го промени исходот од конфликтот и дека руската армија ќе ги уништи, како и другите украински оружја.

Европски фронт: Граѓаните се подготвени за премиер за сите

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности.

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности, па како што рече, докажале дека одговорноста за раководството на државата ја носат подеднакво, како пример за зрелост и заемно почитување.

Во продолжение целиот говор:

Собрани за да се потврди и изрази благодарност за поддршката и довербата што сме ја имале секогаш од вас.

Благодарение на оваа поддршка, меѓутоа и на целосната доверба на лидерот Ахмети, јас ви се обраќам како прв премиер Албанец и истовремено, како кандидат за пратеник.

Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на Премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право!

Напротив!

Не ве разочарав ниту вас, ниту граѓаните на Македонија.

Владата, под мое водство, иако прв приоритет и беше одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, ве уверувам, а и вие самите сте сведоци, не беше во ниту еден миг надвор од рамката на функционална и доверлива институција за вас почитувани граѓани!

Тука бевме за секое барање и на ваша услуга!

Докажавме дека одговорноста и водењето на државата ги носиме на еднаков начин, станувајќи пример на зрелоста и взаемната почит.

Докажавме дека можеме да владееме одговорно во целата земја, во сите околности и со сите граѓани. Тоа се вредности што ги негуваме уште од независноста на државата, за градење на рамноправна држава и општество.

Албанците можат, знаат и имаат уште поголем потенцијал!

Албанците се подготвени за еден премиер за сите!

Еден Премиер кој што ќе практикува добро владеење кое се карактеризира со – транспарентност, учество, ефикасност, одговорност, отчетност, рамноправност, косензус и кохезија;

Ќе се грижи за владеење на законот и правото;

Ќе се бори против корупцијата и организираниот криминал;

Ќе води сметка за една професионална администрација и дигитализирани јавни услуги;

Ќе се грижи редот и безбедноста да се спроведуваат од органите на редот и безбедноста со цел да ги гарантираат слободата, мирот и сигурноста за секој граѓанин и правен субјект;

И над се, премиер кој што ќе стои силно зад нашиот став кој што силно вели – не на Русија – да за Еверопа!

Работејќи посветено на:

- Интеграцијата на земјата во Европската Унија;

- Правејќи ги уставните измени во 2024 година;

- Отворањето на преговорите со Европската Унија во 2024 година и на крај:

- Полноправно членство во Европската Унија во 2030 година;

За постигнување на ова, нема да отсуствува туку напротив, ќе ја зајакне уште повеќе регионалната соработка во рамките на добро познатите иницијативи, односно:

- Берлинскиот процес;

- Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија

Затоа што ние, географски и како цивилизација, сме дел од Европа и за нас, сонцето, како што рекле и преродбениците, изгрева на запад.

Премиерот за сите ќе води сметка за:

- продолжување на политиките и ставовите на безбедносната и надворешната политика унифицирана според НАТО;

- продолжување на унифицираните безбедносни и надворешно политички ставови со Европската Унија;

- за спречување на руското влијание во Македонија и за одржување на стратешкото партнерство со САД.

Затоа ни треба силна поддршка од вас,

- За продолжување на про-европската политика на Македонија;

- За доброто на државата:

- За доброто на децата и младите поколенија!

Затоа:

Сите за број 4!

Гласај 4!

Ви благодарам на вниманието!, се наведува во соопштението.

притисни ентер