Откриен е фосил на огромен морски гуштер, бил страшен предатор долг 10 метри - Канал 5

Откриен е фосил на огромен морски гуштер, бил страшен предатор долг 10 метри

Научниците добија подобар увид во тоа како овој древен ѕвер владеел со морето пред 66 милиони години по откривањето на неверојатен фосил на џиновски морски гуштер.

Откриен е фосил на огромен морски гуштер, бил страшен предатор долг 10 метри

Станува збор за новооткриен вид мозасаури, огромни морски влекачи кои биле ужас на океаните во периодот на доцна креда. Заедно со фосилот Thalasotitan atroxa, палеонтолозите пронашле разни други остатоци кои, заедно со истрошеноста на забите, укажуваат на тоа дека ова животно се хранело со огромен плен како што се морски желки, плезиосауруси и други мозасаури.

Други видови мозасаури главно ловеле помал плен, како што се риби или амонити. Ова значи дека таласотитанот веројатно бил на самиот врв на синџирот на исхрана.

„Таласотитан беше неверојатно, застрашувачко животно. Замислете змеј од Комодо вкрстен со големо бело куче, Т. Рекс и кит убиец“, вели палеонтологот и еволутивен биолог Ник Лонгрич од Универзитетот Бат во Велика Британија.

Денес, на нивото на мозасаурусите нема рептил, кој би можел да порасне до 12 метри во должина. Но, овој вид сè уште е поврзан со денешните змии и игуани. Мосасаурусите биле подобро прилагодени на живот во вода отколку морските игуани од островите Галапагос. Имале глава на рептил, но перки наместо стапала со канџи и опашка како ајкула.

Со оглед на тоа што се чини дека немале многу добро сетило за мирис, веројатно е дека тие биле главно предатори, а не чистачи. Анализите покажуваат дека мозасаурусите се хранеле со риби, цефалоподи, желки, мекотели, други мозасаури, па дури и птици, а се чини дека таласотитан бил посебно животно, пишува Science Alert.

Палеонтолозите ги пронашле овие фосили во наоѓалишта на фосфати во Мароко, регион богат со разновидни и одлично сочувани фосили од периодот на креда и миоцен. Ископале черепи, пршлени и коски на екстремитетите. Потоа, преку реконструкција, тие можеле да утврдат како точно изгледаат вилицата, забите, скелетот, рамената и предните екстремитети на таласотитанот.

Лонгрич и неговите колеги веруваат дека можел да порасне и до 10 метри во должина, што е малку подолго од орка. Со тоа што неговиот череп бил речиси двојно подолг од черепот на орката - долг околу 1,5 метри.

За разлика од другите мозасаури, вилицата на Таласотитан била широка и кратка, со големи заби кои би биле совршени за грабнување и кинење плен. Пронајдените заби содржеле уште една трага за исхраната на животното: многу од нив биле скршени и истрошени, што значи дека тоа не се хранело со мал плен, односно веројатно ги скршило забите на тврди површини, како што се школки од желка и коски од други мозасаури.

Овој заклучок е поддржан од другите фосили пронајдени во близина на остатоците од таласотитан. Имено, научниците пронашле коски на големи грабливки риби, лушпа на морска желка, череп на плезиосаур и коски на најмалку три различни видови мозасауруси.

„Тоа се посредни докази, но сепак е интересно. Не можеме со сигурност да кажеме какво животно ги јадело сите други мозасаури. Но, имаме коски од морски влекачи кои биле убиени и изедени од голем предатор. И на истата локација ние пронајдовме таласотитан, вид кој одговара на профилот на убиецот. Веројатно не е случајност“, објаснил Лонгрич.

Во текот на последните 25 милиони години од периодот креда, мозасаурусите станувале сѐ повеќе и повеќе специјализирани и разновидни. Откритието на таласотитан сугерира дека мозасаурусите биле уште поразновидни отколку што се мислело.

Истражувањето наречено Thalassotitan atrox, a giant predatory mosasaurid (Squamata) from the Upper Maastrichtian Phosphates of Morocco е објавено во списанието Cretaceous Research.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Сè што сакаме од фудбалот видовме  синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планета

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Бранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2.

Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања.

Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид.

YouTube video

Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите.

ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79')

Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52')

Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.)

Порто - ПСВ 0:1

Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87')

Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47')

Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4')

Вечерва играат :

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

 Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си.

Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна.

- Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население.

Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер