Откако ослабна 30 килограми, холивудската комичарка позира во танга (ФОТО) - Канал 5

Откако ослабна 30 килограми, холивудската комичарка позира во танга (ФОТО)

Актерката  Ребел Вилсон гордо ја покажува новата линија.

Откако ослабна 30 килограми, холивудската комичарка позира во танга (ФОТО)

Ѕвездата на Pitch Perfect позира во тесно танга боди и ја сподели фотографијата со следбениците на Инстаграм.

На една фотографија го покажа и задникот во танга.

„Денес сум гламурозна на снимање“, напиша Ребел покрај фотографиите.

Актерката ја започна својата физичка трансформација во јануари 2020 година. Таа ослабна 30 килограми во последната година.

"Веројатно јадев околу 3.000 калории на ден, и бидејќи тие беа претежно јаглехидрати, сепак бев гладна. Затоа се префрлив на диета со висока содржина на протеини, што беше предизвик за мене затоа што инаку не јадев премногу месо. Сега јадам риба, лосос, пилешки гради ... ", објасни таа во интервју за списанието Пипл.

Во јануари 2021 година, таа открила дека тежи само 75 килограми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер