СудбинаОтишла по нови заби во Турција: Ми се потсмеваат дека изгледам како 80 годишна баба (ФОТО)Анамарија Чолте (35) отпатувала во Турција за да стави нови заби, но по првата процедура, живеела со искршени заби шест месеци, не можела да јаде цврста храна и, како што вели, луѓето мислеле дека е пензионерка.Закрепнувањето било болно, а истата стоматолошка процедура во нејзината земја би ја чинело 26.000 фунти, или околу 30.000 евра. Ја исмејувале затоа што изгледала како 80-годишна жена „Ме нарекуваа „старица“, „без заби“ или ме прашуваа „Каде ти се горните заби?“, а некои дури велеа дека изгледам како да имам 80 години“, рекла Анамарија. „Беше болно, особено затоа што не знаеја што се случува зад сцената. Избегнував цврста храна и внимавав премногу да не ги оптоварувам забите. Беше долго патување, и физички и емоционално.“ Сè започнало поради растојанието меѓу забите Со години се срамела од своите заби и избегнувала да се смее на фотографиите. Проблемот започнал кога имала 26 години, кога по поставувањето на коронка, се формираше празнина меѓу забите поради лошо позициониран загриз. „Со текот на времето, станав многу свесна за таа празнина меѓу забите. Тоа влијаеше на мојата самодоверба повеќе отколку што очекував. Избегнував целосна насмевка на фотографиите, а понекогаш дури и ја покривав устата со раката додека се смешкав“, рече таа. „Трпев многу навреди, и во живо и на TikTok. Луѓето коментираа за моите заби, а некои дури и ги споредуваа со „ограда“, што болеше. Дефинитивно ми ја повреди самодовербата и ме натера да се чувствувам несигурно, особено кога зборувам или се смешкам.“ Операција во Турција Анамарија се одлучила за Турција откако ѝ беше понудена цена до 26.000 фунти за процедурата во нејзината земја. За време на првата посета, нејзината стара протетска работа беше отстранета од горната вилица поради инфекција. Потоа, беа инсталирани пет импланти и беше направена екстензија и корекција на виличната коска. Во март оваа година, таа се врати за да го заврши третманот. „Закрепнувањето траеше. Моите долни заби беа подготвени дури за време на втората посета. Откако беа изрендани, добив привремени заби во рок од два дена“, објасни таа. „Пред крајот на третманот, морав да се прилагодам и да бидам трпелива, што не беше лесно, но знаев дека е дел од процесот. Жалам што не знаев за оваа клиника и за оваа можност многу порано, ќе ме заштедеше години неизвесност.“ Задоволна со новата насмевка „Мојот третман сега е целосно завршен. Неверојатно сум задоволна од исходот. Стоматологот ми рече дека со соодветна грижа моите нови заби треба да траат многу години, потенцијално 15 до 20, или дури и подолго“, вели Анамарија. „Добрата орална хигиена, редовните посети на стоматолог и соодветната грижа ќе бидат клучни за нивно зачувување.“Тагови: Заби турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветЗеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна. - Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население. Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа. Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook