Отишла во Турција за да си ги среди забите, сега не може да дише- сменет ѝ е личниот опис (ВИДЕО) - Канал 5

Отишла во Турција за да си ги среди забите, сега не може да дише- сменет ѝ е личниот опис (ВИДЕО)

Сè повеќе луѓе избираат да патуваат во Турција за стоматолошки и козметички процедури поради пониските цени. 

Отишла во Турција за да си ги среди забите, сега не може да дише- сменет ѝ е личниот опис (ВИДЕО)

Сепак, паралелно со овој тренд, расте и бројот на оние што се враќаат дома со сериозни, а понекогаш и трајни здравствени последици.

Една од нив е 41-годишната Лиен Абејанс, која сега живее со постојана болка и, како што тврди, повеќе не може да дише низ нос по стоматолошката процедура извршена во Турција.

Во април 2024 година, таа отпатувала за да ѝ се инсталираат четири забни импланти. Во Обединетото Кралство добила понуда од околу 60.000 евра за истата процедура, додека турската клиника побарала 3.500 евра, кои ги платила однапред во готово.

Пред процедурата, ѝ било кажано дека ќе се подложи на лифтинг на синуси, зголемување на коските, отстранување на фасети и поставување импланти. Иако процедурата била извршена под локална анестезија, таа тврди дека почувствувала речиси сè за време на процедурата.

„За време на калемењето на коските, се чувствував како да ме удираат по лицето. За време на подигнувањето на синусите, се чувствував како целото лице да ми го подигнуваат. Бев целосно помодрена“, рече таа.

По два дена силна болка и оток, таа доби привремени заби. Требаше да се врати за трајни четири месеци подоцна, но стравот ја спречи да го стори тоа.

По враќањето во Велика Британија, нејзината состојба брзо се влошила. Повеќе не можеше да дише низ нос и беше лекувана од синузитис. Кога антибиотиците не успеаја, таа се обиде да побара помош преку Националната здравствена служба (NHS), но ѝ беше кажано дека не можат да ѝ помогнат бидејќи процедурата била направена приватно во странство.

Потоа приватен стоматолог направи рендген и откри дека имплантите продираат во нејзината носна празнина. Привремените заби беа отстранети и ѝ беше поставена протеза, но инфекциите продолжија.

На одделот за уво, нос и грло во Англија, лекарите ѝ рекоа дека во моментов не можат да ги отстранат имплантите бидејќи нејзиното лице е премногу инфицирано.

Речиси 18 месеци подоцна, Лиан сè уште се бори со постојани инфекции, земајќи дневни препишани лекови и обидувајќи се да најде хирург кој може да ѝ помогне, објавува Би-Би-Си.

„Имплантите буквално ми го држат лицето заедно, но сè е инфицирано. Секој ден се будам и не можам да дишам.“

Таа потрошила околу 3.500 евра за почетната процедура, додека веќе издвоила дополнителни 2.300 евра за приватен третман во Велика Британија, само за да ја ублажи болката.

Лиан верува дека многу луѓе се охрабруваат да донесуваат такви одлуки од социјалните медиуми, поради што сега јавно зборува за своето искуство:

„Моето лице се менува секоја недела, но никогаш нема да се врати на тоа што беше. Никогаш повеќе нема да бидам истата личност. Мојот совет до сите е да го остават своето лице, заби и тело на мира.

На познатите личности треба да им се забрани рекламирање на козметички процедури и да остават впечаток дека мора да изгледаме така за да се вклопиме.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

Разликата во вредноста на пратката помеѓу двата пазара е огромна.Колумбиските власти спроведе голема операција против трговијата со наркотици во пристаништето Картахена, при што беа откриени повеќе од 7,6 тони кокаин.  .

Откриени 7,6 тони кокаин во пратка со шеќер: Дрогата од Колумбија била наменета за Европа

Абелардо де ла Есприела изјави дека заплена од вакви размери немало во последните десет години. Откритието беше направено за време на инспекција на товар што содржел шеќер во прав, кој бил искористен за прикривање на дрогата. На снимката што полицијата ја објави во вторникот се гледаат службеници како ги проверуваат пакетите со помош на кучиња обучени за откривање дрога.

По оваа акција, претседателот Де ла Еспријела го претстави резултатот од операцијата како значаен успех во борбата против организираниот криминал. Тој истакна дека националната полиција му задала историски удар на нарко-тероризмот. Според него, дрогата била наменета за купувачи во Холандија.

Операцијата била спроведена во соработка со американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА).

Разликата во вредноста на пратката на двата пазари е огромна. Во Колумбија, таа се проценува на 43 милијарди пезоси (13,5 милиони долари), додека во Холандија нејзината вредност би надминала 200 милиони долари. – Тргнавме 75 милиони дози кокаин од улиците – рече тој.

YouTube video

Претседателот, исто така, изнесе податоци за резултатите од досегашните активности на надлежните органи, наведувајќи дека во текот на првите 75 дена од неговиот мандат биле запленети вкупно 132 тони кокаин. „Сите облици на насилство се поттикнати од трговијата со дрога“, изјави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програма

Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.

 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програма

Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност.

Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства.

Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ.

Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации.

Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај.

Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот.

Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска.

И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника.

Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат.

Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето

Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро.

Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран.

Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите.

Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото.

Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран.

Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата.

Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат.

Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер