Освоена седумка на Лото 7 вредна 660.000 евра,среќното ливче продадено во Визбегово (ВИДЕО)

Вечерва се падна најголемата добивка на Лото 7 во директното извлекување на Канал 5 Телевизија во износ од над 660.000 евра.

Ова е најголем износ досега од почетокот на приредувањето на Лото 7. Среќните бројки се 1,20,24,25,31,32 и 34.

Ливчето е продадено на продажно место на Лотарија во скопско Визбегово.

Освен седумката, вечерва се извлечени и две шестки со износи од над 169.000 денари.

Израелците срамнија со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите на Рафа

Израелските сили денеска влегоа подлабоко во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјавија локалните жители, додавајќи дека во израелските воздушни напади загинале најмалку пет лица во јужниот град Рафа.

Симултаните израелски напади на северните и јужните рабови на Појасот Газа овој месец предизвикаа нов егзодус на стотици илјади жители во енклавата и значително ја намалија испораката на хуманитарна помош, а со тоа го зголемија ризикот од глад на населението.

Во Џабалија, бегалски камп изграден за цивили кои побегнале пред 75 години, израелската армија употребила булдожери за да ги отстрани продавниците и другите згради во близина на локалниот пазар, објавија жителите.

Израел објави дека се вратиле во тој камп, за кој пред неколку месеци соопштија дека е ослободен од борците на Хамас, со цел да ја спречи милитантната група да се прегрупира таму, тврди израелската армија.

Здравствените власти и итните служби објавија дека десетици тела се наоѓаат под урнатините на куќите во Џабалија, но спасувачите не можат да пристапат до нив. „Израел урива камп врз главите на луѓето, бомбардирањето не престанува, а светот бара повеќе храна да влезе во Газа. Сакаме да спасиме животи, а нема дополнителна храна“, рече Абу Ел-Насер, жител на Џабалија кој побегнал во градот Газа.

Повеќе од 35.000 Палестинци загинаа во израелската офанзива на Појасот Газа, тврдат локалните власти, додавајќи дека бараат уште најмалку десет илјади, затрупани под уништените згради.

Израелската армија еден ден претходно објави дека уништила „околу 70 терористички локации“ во енклавата, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи, воени инсталации и набљудувачки пунктови.

На југот на енклавата, во израелски воздушен напад загинаа три деца во куќа во Хан Јунис и најмалку пет лица, од кои три деца, во куќа во Рафа.

Сепак се разведуваат – Бен Афлек со еден потег покажа дека не е заедно со Џенифер Лопез

За разводот на режисерот и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез, неговите последни фотографии изгледа ја потврдија веста.

Имено, иако пред некој ден беа видени заедно, се чини дека на нивната љубовна приказна ѝ дојде крајот.

Холивудскиот актер вчера беше фотографиран како го вози својот автомобил, а фотографиите на љубопитните папараци открија дека тој повеќе не носи бурма на левата рака и со тоа потврди дека се разведува од латино убавицата, објави Телеграф.

Откако не беа видени заедно повеќе од еден месец, парот неодамна се сретна на училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин.

Како што пренесуваат светските медиуми, парот на настанот пристигнал одвоено. Ова е прв пат да се видат заедно во последните 47 дена, а интересно е што според фотографиите и двајцата тогаш ги носеле бурмите.

Вучиќ во ОН за резолуцијата за Сребреница: Не очекувавме „нож во грб“ од некои држави

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Њујорк, каде што оствари повеќе средби со постојаните претставници на земјите членки во ОН.

Во Њујорк, во четврток, на 23 мај, претседателот Вучиќ ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН на која ќе се разгледува предлогот резолуција за Сребреница, пренесе Телеграф.

Претседателот Вучиќ во текот на денот ќе има повеќе средби со бројни постојани претставници на земјите членки во ОН.

На почетокот на обраќањето од Њујорк, тој рече дека добивме разочарувачки информации дека некои земји ќе го променат ставот во однос на резолуцијата и ќе застанат на страната на оние кои се големи и силни, но ќе има и такви кои ќе го издржат притисокот и ќе се борат за вистината.

„Добивме податоци, ќе има разочарувачки вести за односот на некои држави, од кои не очекувавме нож во грб, но ќе има и такви кои ќе го издржат притисокот“, изјави Вучиќ.

Претседателот укажа на парадоксот што Германците ќе отворат дискусија за тоа.

„Ако по Првата и Втората светска војна, ако Германија ни суди со воведно обраќање... ќе им одговорам. Гледам дека некои веќе зборуваат што ќе прави следната влада, бидејќи сакаат да бидат марионети. Не се согласувам со тоа, ниту се борам за зачувување на столчето, како и сите луѓе овде, се борам за Србија и му благодарам на огромниот тим на луѓе“, рече претседателот.

Претседателот додава дека црногорските амандмани одиграле многу валкана улога во сѐ и дека тоа е направено по нечија наредба.

„Мислеа дека сме глупи и дека сите ќе прифатат да имаат изговор пред граѓаните, да кажат дека сега имаме амандмани и дека не сме колективно виновни. Win win ситуација. Тие не разбираат дека тие не ме купија со тоа. Мислеа дека ќе го прифатам она што ми е полесно за да ја зачувам власта, но никогаш не сум го направил тоа“, истакна тој.

Претседателот вели дека не ни останува ништо друго освен да имаме верба во себе и во Бога.

„Србија овде ја брани својата слобода“, рече Вучиќ.

Претседателот се заблагодари на народот на Србија кој се обедини.

„Никогаш не сум се чувствувал погорд. Сега кога ги слушам објаснувањата зошто некои земји ќе гласаат да, само се насмевнувам и продолжувам понатаму. Застанавме пред најмоќните сили. Ќе одговориме храбро и вистинито“.

Прашањето број еден е зошто се носи оваа резолуција, која е намерата и кој ја носи и зошто ја носат резолуцијата во овој момент.

„Дали тоа ќе обедини некого, луѓето во БиХ и во регионот. Не, ништо повеќе нема да го подели регионот од ова. Германците и тие во Сараево не можеа да донесат полоша одлука. Па што постигнавте со тоа? Што ќе направите утре, штом ја отворивте пандорината кутија што ќе правиме кога темите за геноцид во НДХ, за германските злосторства на источниот фронт, за злосторствата во Намибија... Мислеа дека сме слаби и нема да ги кренеме рацете во гард. Многу сме послаби, но на секој удар ќе одговориме, ќе покажеме дека знаеме да се браниме“, рече претседателот на Србија.

притисни ентер