Бен оди преку тенка жица на височина од 160 метри, полицијата не била воодушевена (ВИДЕО) - Канал 5

Бен оди преку тенка жица на височина од 160 метри, полицијата не била воодушевена (ВИДЕО)

Бен Шнајдер (28), попознат по прекарот „Непромислениот Бен“, си го ризикувал животот и го уапсиле откако одел по жица - оптегната меѓу два облакодери во Лос Анџелес.

Бен оди преку тенка жица на височина од 160 метри, полицијата не била воодушевена (ВИДЕО)

Станува збор за недовршениот луксузен комплекс Oceanwide Plaza, кој денес е празен и „украсен“ со бројни графити.

Доволно е да погледнете неколку видеа на социјалните мрежи и ќе сфатите дека Бен е „зависник од адреналин“.

Опишувајќи го последниот „потфат“, што ја замрзнува крвта во вените на обичниот човек, тој рече:

„Беше застрашувачки. Но, останав фокусиран. Кога ќе се исплашиш, почнуваш да се тресеш и потоа може да паднеш. Не сакав тоа да се случи. Морав да го смирам умот“.

Тој, исто така, објасни како успеал незабележано да влезе во комплексот Oceanwide Plaza:

„Група пријатели се преправаа дека се дел од верски култ. Носевме различни транспаренти со кои им го блокиравме погледот на полицајците. Тогаш ја прескокнавме оградата“.

Младиот човек носел сигурносен појас за време на акробацијата, а јажето го преминал за помалку од две минути, пренесува UPI.com.

YouTube video

Полицијата соопшти дека го истражува случајот, но останува нејасно дали Бен ќе биде обвинет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“.

Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација.

Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот.

Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.

Седница за опозициски прашања во Собранието

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања.

Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Европскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0.

Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот.

Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија.

Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута.

Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“.

Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер