Сепак се разведуваат – Бен Афлек со еден потег покажа дека не е заедно со Џенифер Лопез - Канал 5

Сепак се разведуваат – Бен Афлек со еден потег покажа дека не е заедно со Џенифер Лопез

За разводот на режисерот и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез, неговите последни фотографии изгледа ја потврдија веста.

Сепак се разведуваат – Бен Афлек со еден потег покажа дека не е заедно со Џенифер Лопез

Имено, иако пред некој ден беа видени заедно, се чини дека на нивната љубовна приказна ѝ дојде крајот.

Холивудскиот актер вчера беше фотографиран како го вози својот автомобил, а фотографиите на љубопитните папараци открија дека тој повеќе не носи бурма на левата рака и со тоа потврди дека се разведува од латино убавицата, објави Телеграф.

Откако не беа видени заедно повеќе од еден месец, парот неодамна се сретна на училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин.

Како што пренесуваат светските медиуми, парот на настанот пристигнал одвоено. Ова е прв пат да се видат заедно во последните 47 дена, а интересно е што според фотографиите и двајцата тогаш ги носеле бурмите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор

Изборниот законик останува неисполнета обврска од реформската агенда, истече крајниот рок а партиите не успејаа воопшто да седнат и да најдат компромис за клучните теми. 

Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор

Премиерот Мицкоски не очекува дека нешто ќе се смени и во следниот период, иако за важноста на ова прашање вели дека добивме потврда и од европкомесарката Марта Кос неодамна во Скопје. Тој вината ја лоцира во опозициските партии за кои вели дека се неодговорни а имаат шанса да договорат што сакаат. Го повтори ставот на владејачката коалиција дека единствен услов кој го имаат е да се најде механизам за поедноставно гласање на дијаспората.

-Не сум оптимист за носењето на Изборниот законик затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Поминаа денови, тие се натегаа кој кого ќе го викне, каде ќе се одржи состаноко. Денеска ги повикувам на зрелост, на одговорност и претседателиот на ДУИ, на СДСМ, на Левица, крилата на Села и Таравари, како опозициски партии да седнат заедно и да се договорат и да донесат закон во кој ќе биде вклучено гласањето на дијаспората. Тогаш, кога тие ќе кажат дека е завршено, ние ќе го прифатиме без воопшто да полемизираме на таа тема. Не знам што друго поконкретно ние како Влада може да направиме,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од друга страна опозициските партии се обвинуваат меѓусебе за договор со власта и си ја префрлаат топката за тоа кој ги закочил преговорите. Според СДСМ, Левица е сателитска партија на ВМРО-ДПМНЕ која го спречува секој обид за опозициско обединување.

-Се знаат сите од Левица кои одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски. Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта. Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен,- СДСМ.

Левица пак тврди дека токму СДСМ е партијата која не сака воопшто да се отвора постојниот Изборен законик, а за тоа заемен интерес имале со ВМРО-ДПМНЕ. Целта велат е да не се изгласа една изборна единица туку да се гласа по старите правила со кои двете партии добиваат повеќе пратенички места.

-СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен - како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој модел да преживее бидејќи токму тој модел ги храни нив и оди на штета на Левица. Секој обид Изборниот законик реално да се допре во суштината, наидува на идентична одбрана - различна по реторика, идентична по исход- Левица.

Предлог-измените на Изборниот законик кои се предложени во Собранието се заглавени со над 13 илјади амандмани од СДСМ, Левица и ЛДП, а Комисијата за политички систем воопшто нема ниту почнато со расправа за нив. Пропаднатиот обид за измени значи дека Македонија нема да ги земе предвидените 4,2 милиони евра од европскиот фонд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“.

Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата.

Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“. Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растерети сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“.

-Со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон. Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода-посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали: Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина.

Беким Сали: Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.

Тој нагласи дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери.

Осврнувајќи се на значењето на Самитот, Сали истакна дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и по обединета Европа.

Во однос на европската интеграција, министерот Сали нагласи дека Македонија, како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, е подготвена да ги сподели своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина во нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

Тој посочи дека Меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.

На крајот, министерот Сали повтори дека Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер