Осумдневен притвор за петмината учесници на протестите во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица, соопшти Обвинителството. 

Основното јавно обвинителство Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од КЗ.

За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поради потребата од непречено водење на кривичната постапка, особено поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело, тетовското обвинителство до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 8 дена.

Ќе се носи нов закон за градење, предлог решението готово до крајот на годината

Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето,.

Новиот Предлог Закон за градење, предвидува зајакнување на инспекцискиот надзор со тоа што општинските инсппектори ќе бидат дел од Државниот инспекторат за урбанизам, потоа уредување на категоризацијата на градби, олеснување и краетње на постапките за издавање на актите за градење, како и стимулирање на инвестирањето, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во обраќањето на стручната расправа за овој Закон. Тој очекува до крајот на годинава предлогот да биде готов, а преку него да се донесе најдоброто решение за сите страни.

„ Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот ќе се овоможи разрешување на наталожените проблеми.“истакна Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски.

Архитектот Мирослав Грчев кој учествуваше на јавната расправа укажа на потребата на измена на другите закони, кои го уредуваат процесот на градежните дејности.

„ Ние сме во ситуација заради таквата поставеност на еден вид внатрешна федерализација на министерстата на Владата што е стварност што секој инженер што постапува во некоја реформа треба да ја земе во предвид не сме во можност да направиме симултана реформа каде што ќе ги смениме сите закони во процесот што е уреден и смее да биде само во овој закон, процесот на градење не смее да го уредува некој друг закон од аспект на водење на постапка.“вели Мирослав Грчев – Архитек.

Постојниот Законот за градење во текот на годините е менуван повеќе од триесетина пати.

Како дејствува и за кого е наменет лекот „Молнупиравир“ против ковид-19?

Единствениот лек за Ковид 19 во форма на таблети ќе биде достапен и во Македонија.

Кога точно „Молнупиравирот“ ќе го има во аптеките и колку ќе чини не се знае, но властите ја започнаа постапката за набавка.

Молнупиравирот може да се зема само во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек се намалува за 50%.

Според микробиологот проф. Д-р Никола Пановски за употреба на овој лек треба да има итно достапни тестирања на државно, оти додека се чека за ПСР тест, ќе мине периодот кога треба да се зема лекот.

Дополнителни дилеми се кој од граѓаните треба да има предност за да го зема овој лек, вели Д-р Пановски.

Овој лек, вели Д-р Пановски, државата треба да го набави, иако една терапија - пет дена по две таблети чини 700 долари.

Сепак, граѓаните мора да знаат оти овие таблети не се замена за вакцината.

Во однос на епидемиолошката состојба, тој очекува зголемување на дневниот број на заразени во наредниот период, но не и силен есенски бран.

Реакција на Комисијата за историски и образовни прашања за оставката на членот Ванчо Ѓорѓиев

Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од Комисијата, би сакале да го истакнеме следново. Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието". /МИА

притисни ентер