Осум неверојатни факти кои докажуваат дека Џеф Безос е навистина најбогат - Канал 5

Осум неверојатни факти кои докажуваат дека Џеф Безос е навистина најбогат

Сопственикот на Амазон , Џеф Безос е веќе втора година најбогат човек на светот со богатство проценето на 112 милијарди долари .

Осум неверојатни факти кои докажуваат дека Џеф Безос е навистина најбогат

Безос е за 16 милијарди побогат од вториот на листата и долгогодишниот рекордер , Бил Гејтс. Иако има годишна плата од ,,само” 81 840 долари , најголемиот дел од парите доаѓаат од акциите на компанијата ,,Амазон”.

Американските медиуми направија листа од осум факти поради кои Безос е навистина најбогатиот.

1.Има 121 милијарда долари , иако заработува само 81 840 .

2.Секоја секунда заработува 2 489 долари , што е речиси двојно повеќе од неделната заработувачка на просечниот американски работник.

3.По разводот со сопругата Мекензи , поради штос е откажа од 25% од акциите на Амазон , Безос и натаму останува најбогатиот човек на светот.

4.Безос е толку богат , што кога тој ќе потроши 1,2 милиони долари , тоа е еквивалент кога просечен Американец ќе потроши еден долар.

5. Тој е за речиси 38% побогат од британското кралско семејство.

6.Безос е богат колку што изнесува годишниот БДП на Ангола.

7.Неговото богатство е поголемо од БДП на Исланд , Авганистан и Костарика заедно.

8. Според американските анализи , просечен Американец со диплома заработува во текот на животото 2,2 милиони долари. Безос толку заработува за помалку од 15 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во Скопје

Од 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.

Претставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во Скопје

На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави.

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам.

„Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година.

Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје:

ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов

УМЕТНИЦА – Ања Митиќ

БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева

БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ

ДОКТОР – Игор Стојчевски

МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ

БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ

ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ

БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер

ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов

Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?

Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“.

Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје.

Драмкси театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот.

Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер