Остин и препорача на администрацијата на Трамп зголемување на буџетот за одбрана - Канал 5

Остин и препорача на администрацијата на Трамп зголемување на буџетот за одбрана

Остин и препорача на администрацијата на Трамп зголемување на буџетот за одбрана за околу 50 милијарди долари во 2026 година.

Остин и препорача на администрацијата на Трамп зголемување на буџетот за одбрана

- Американскиот министер за одбрана во заминување, Лојд Остин, препорача зголемување на буџетот за одбрана за околу 50 милијарди долари повеќе од сегашните проекции за 2026 година, потег што може да ги поттикне трошоците за одбрана на повеќе од билион долари во наредниот период. објави денеска Блумберг.

Во писмото од 27 ноември до Канцеларијата за менаџмент и буџет, во кое увид имал Блумберг, секретарот Остин и препорача на администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп петгодишен одбранбен буџет што предвидува 926,5 милијарди долари во фискалната 2026 година, во споредба со предвидената распределба од 876,8 долари милијарди долари.

Во писмото, исто така, се предлагаат трошоци за одбраната од 972,8 милијарди американски долари во фискалната 2027 година и повеќе од еден билион американски долари во фискалната 2028 година, со дополнителни зголемувања од над билион долари во фискалната 2029 и 2030 година.

Во предлог-буџетот за одбраната и националната безбедност за 2025 година, што беше објавен минатиот март, администрацијата на претседателот Бајден повика овие трошоци да се зголемат за само еден процент во споредба со претходната година.

Врз основа на двегодишниот буџетски договор, што беше постигнат во средината на 2023 година, зголемувањето на буџетот беше ограничено на еден процент.

Трамп минатата недела рече дека членките на НАТО треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи

Усвоени измените на Законот за надворешни работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата.

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна дека усвоените измени на Законот за надворешни работи се суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство.

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за надворешни работи, предложени од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски денеска во објава на Фејебсук нагласи дека со измените се воспоставува јасна законска рамка за професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите.

По повеќе од една деценија се прават суштински измени, со кои се воспоставува јасна законска рамка за реализација на два клучни приоритети: професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите, истакна Муцунски.

Шефот на дипломатијата напомена дека измените предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка. Дополнително, воведена е можност за назначување специјален државен претставник во странство, доколку постои посебен интерес за државата.

-Со измените се овозможува Министерството системски да ги преземе обврските поврзани со креирање политики за надворешна трговија и инвестиции – сегмент кој досега не беше институционално прецизиран со ниту еден друг закон. Ова претставува важен чекор кон професионализација на дипломатијата, подобрување на условите за работа на македонските дипломати во странство, како и соодветно позиционирање на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на надворешната трговија и инвестициите, потенцира Муцунски.

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Италијанските и албанските власти уапсија 52 лица во координирана операција насочена против трговија со кокаин и хероин меѓу Балканот, Северна Европа и јужниот италијански регион Пуља, јави новинската агенција Анса.

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Полицијата во денешната акција запленила имот вреден милиони евра, а осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службена положба, се вели во извештајот.

Операцијата била предводена од италијанската антимафијашка и антитерористичка полиција во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во областа на кривичната правда (Еуроџаст).

Како што пренесе ДПА, Интерпол исто така учествувал во прекуграничната акција.

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста и 19 години откако на референдум ја обнови својата државна самостојност, јави Мина.

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

На референдумот одржан на 21 мај 2006 година, гласаа 419.240 граѓани, или 86,5 отсто од вкупниот број гласачи.

Независноста на државата ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот, додека за останување во заедничка држава со Србија гласаа 185.002 или 44,5 отсто.

Собранието на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој беше договорен со препорака од Европската унија. За успешен референдум беше потребно тој да биде поддржан од 55 отсто од излезените гласачи.

Референдумското прашање гласеше – Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со полн меѓународно-правен субјективитет.

Собранието на Црна Гора на 2 март, на предлог на претседателот на Републиката Филип Вујановиќ, донесе одлука референдумот за државно-правниот статус да се одржи на 21 мај.

За претседател на Републичката референдумска комисија (РРК) беше избран Словакот Франтишек Липка.

Право на изјаснување на референдумот имаа граѓаните кои согласно прописите за избори имаа избирачко право.

Според податоците на РРК, право на глас на референдумот имале 484,7 илјади граѓани.

притисни ентер