Османи за Канал 5: Наредните денови ќе откриме што значи новата кампања на ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за Канал 5 изјави дека во наредните денови ќе биде објавено што точно значи новата кампања на ДУИ насловена „Тој доаѓа“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за Канал 5 изјави дека во наредните денови ќе биде објавено што точно значи новата кампања на ДУИ насловена „Тој доаѓа“, а за која се смета дека е најава за премиерот Албанец.

Османи кажа и дека нема да има предвремени избори.

Андријана Лазова разговараше со Османи.Во разговорот министерот Османи одговора за новата кампања на ДУИ, предвремените избори , и информациите дека е спречен атентат врз него при посетата на Модавија.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Позната е причината за трагичната авионска несреќа на јужнокорејски патнички авион (ВИДЕО)

Инспекторите пронашле птичји пердуви и крв во двата мотори на авионот Боинг 737-800 кој се урна во Јужна Кореја кон крајот на декември, изјави денеска за Ројтерс лице запознаено со истрагата.

Министерството за транспорт на Јужна Кореја се уште не ги коментирало овие наводи, пренесе Ен-Би-Си Њуз.

Во авионската несреќа на патничкиот авион Боинг 737-800 управуван од јужнокорејската компанија Џеџу Ер на линија од Бангкок до Муан, со 181 патник, на 29 декември загинаа 179 лица, а две лица беа спасени, објавија властите во Сеул.

Сите 175 патници и четворица членови на екипажот загинале, а двајца членови на екипажот преживеале, кога авионот принудно слетал, удрил во бетонски ѕид, експлодирал и се запалил.

Медиумските извештаи сугерираат дека можните причини за несреќата може да вклучуваат удар на птица, проблеми со тркалата или ѕидот на крајот од пистата.

Барак Обама со пример докажа дека не се разведува од Мишел поради Џенифер Анистон

Поранешниот американски претседател Барак Обама денеска повеќе од сликовито ги отфрли гласините за развод објавувајќи емотивна посвета на „љубовта на неговиот живот“ – Мишел Обама, по повод нејзиниот 61 роденден!

Шпекулациите дека парот, кој е во брак повеќе од 30 години, има проблеми, почнаа да кружат откако обожавателите забележаа дека Мишел неодамна не е видена во јавноста со нејзиниот сопруг.

Сепак, поранешниот претседател покажа дека нивната врска е сè уште силна, споделувајќи трогателна порака до својата сопруга на нејзиниот денешен роденден.

„Среќен роденден на љубовта на мојот живот, @MichelleObama“, напиша тој покрај фотографијата на која се држат за рака за време на вечерата.

„Ја исполнуваш секоја соба со топлина, мудрост, хумор и грациозност и изгледаш одлично кога го правиш тоа. Многу сум среќен што можам да се впуштам во животните авантури со тебе. Те сакам“, рече тој.

На сликата Барак е насмеан во сива кошула и црни панталони, додека спроти него Мишел е облечена во темен фустан со V-деколте и шарен украс за коса. И двајцата нежно се држат за раце додека гледаат во камерата. Мишел ја сподели објавата на својот профил со едноставен коментар - Те сакам мили!

Мишел, која денес наполни 61 година, не присуствуваше на погребот на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари поради „конфликт со распоредот“. Беше објавено и дека таа нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп во понеделник.

Од кабинетот на Барак и Мишел Обама за АП изјавија дека „поранешниот претседател Барак Обама ќе биде присутен на инаугурацијата, но поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува“.

Веднаш по оваа објава, обожавателите на оваа позната и влијателна политичка двојка изразија загриженост дека можеби имаат проблеми во бракот. Се појавија дури и шпекулации дека Барак има афера со холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, што ѕвездата од „Пријатели“ претходно остро го демантираше.

Шолц и Маск ја продолжија кавгата: Милијардерот е опасност за европската демократија

„Технолошкиот милијардер Илон Маск претставува опасност за демократијата во Европа поради неговата наклонетост кон крајната десница“, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Маск ја поддржува крајната десница насекаде во Европа, во Велика Британија, во Германија, во многу, многу други земји и тоа е нешто што е целосно неприфатливо“, рече Шолц на прес-конференција во Берлин.

„Ова го загрозува демократскиот развој на Европа, ја загрозува нашата заедница и мора да се критикува“, додаде германскиот лидер, според Политико.

Маск ја даде својата поддршка на десничарските фигури и иницијативи ширум светот, вклучително и поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) на претстојните предвремени федерални избори во земјата, закажани за 23 февруари.

Могулот на социјалните мрежи е исто така еден од најжестоките поддржувачи на Доналд Трамп, што му обезбеди место во потесниот круг на новоизбраниот претседател на САД и ја поддржа десничарската партија Реформска Британија во Британија, со шпекулации дека наскоро би можел да започне финансирање на партијата.

Шолц рече дека нема ништо против правото на Маск на слободен говор, но:

„Неговата поддршка за екстремната десница, без разлика дали е од бизнис интереси или од негови сопствени политички ставови, е неприфатливо“.

Коментарите на социјалистичкиот канцелар се најнови во серијата кавги со Маск, кој пак го нарече Шолц „будала“ и тврдеше дека ќе ги „изгуби“ германските сојузни избори.

притисни ентер