Османи за изјавата на Мицкоски: Не коментирам шпекулации

Османи во СМС порака до „Плусинфо“ одговорил  дека нема да коментира шпекулации, иако му било посочено дека станува збор за изјава на опозицискиот лидер.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја оцени како шпекулација највата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека бугарската Министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на нивната средба во Софија, побарала двете влади да потпишат нов договор сличен на Преспанскиот.

„Да го прашаме министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот, со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите“, рече Мицкоски во гостувањето на Канал 5 телевизија во емисијата „Само интерју“.

Османи во СМС порака до „Плусинфо“ одговорил дека нема да коментира шпекулации, иако му било посочено дека станува збор за изјава на опозицискиот лидер.

„Не можам да коментирам шпекулации“, одговорил Османи, за „Плусинфо“.

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер во Франција играјќи надвор од државата во изборот на Унијата на фудбалери и тренери на Франција.

Во борбата за наградата, напаѓачот ги победи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени (двајцата од Реал Мадрид), Мајк Мењан (Милан) и Вилијам Салиба (Арсенал).

Во 2016 година, 33-годишниот Гризман за прв пат ја доби оваа награда.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 45 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања, постигна 21 гол и креира осум асистенции.

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови, објави „Комерсант“.

Американски државјанин е во 10-дневен притвор што го одреди рускиот суд поради тоа што кажал непристојни зборови при полициски претрес во неговиот стан, објави денеска весникот „Комерсант“.

Обвинителите соопштија дека американскиот државјанин е 36-годишниот Анџело Џозеф Таларико. Тој на англиски јазик ги пцуел полицајците кои пристигнале во станот на неговата сопруга во Москва за да го претресат како дел од истрагата за кражба на биткоини во регионот Мурманск, објави „Комерсант“.

Во полицискиот извештај се вели дека Американецот, кој се преселил во Русија од Лос Анџелес, им викал на полицајците и употребил два различни збора „чија смисла тие ја разбрале“, пишува весникот.

Американецот негирал дека сторил административен прекршок за ситно хулиганство и употреба на непристојни зборови на јавно место. Тој беше приведен во Москва, судот го прогласи за виновен и му одреди 10-дневен притвор, додава „Комерсант“.

Адвокатот на Американецот ги отфрли обвинувањата дека неговиот клиент пцуе и посочи дека тој и неговата сопруга биле во кујната на станот за време на претресот.

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.

Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат.

притисни ентер