Османи: Во Струга и околината 25 заболени од коронавирус и 4 починати, следиме и на најлокално ниво

Според последните податоци, во Струга и околината потврдени се 25 случаи на зболени од коронавирус, како и четири смртни случаи – три во Лабуништа и еден во село Татеши.

Тоа го изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи при посетата на Струга во својство на координатор на штабовите на локалната самоуправа и Градот Скопје.

-Ја следиме одблиску оваа ситуација за да ги согледаме локалните околности во комуникација со општинскиот штаб. Дадовме насока на општините да создаваат и месни штабови во месните заедници, особено во руралните средини. Во секое село да има штаб во кој ќе има и здравствен работник и претседател на месната заедница и локалниот полицаец за да може на најлокално ниво да ги следиме состојбите и да може да одлучуваме, рече Османи, кој при посетата на Струга беше придружуван од заменик министерот за здравство, директорот на Институтот за јавно здравје и претседателот на Комисијата за заразни болести, а попладнево треба да заминат и во посета на Лабуништа.

Тој информира за новите рестриктивни мерки донесени денеска од Владата и Кризниот штаб за ограничување на движењето, односно за полициски час од 16 часот па до 5 часот наредниот ден, а за викендите целосна 24 часовна забрана за движење.

– Целта е да се потенцира потребата од социјална дистанца, бидејќи очигледно и искуствата и науката укажуваат дека тоа е единствгениот начин да направиме нешто сега како општество. Граѓаните се дисциплинирани и сакам да ја искористам можноста да им се зблагодарам на здравствените работници, но и на сите полицајци и сите кои се сега во служба на нормалното живеење во услови на рестрикции, рече Османи.

Претседателот на Комисијата за заразни болести др. Жарко Караџоски на новинарско прашање посочи дека одлуката за новите рестриктивни мерки е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести и се однесува на целата територија на државата, вклучувајќи го и селото Лабуништа за кое, рече не се планираат посебни мерки, како во случајот со Дебар.

Моментно не е планирано такво нешто. Во Дебар беше специфична состојбата со цел брзо да реагираме и за да го намалиме бројот на заразени. И како што гледате во Дебар четири дена нема ништо ново, односно мерката се покажа успешна, рече Караџоски.

Комисијата за заразни болести секое утро во 8 часот ја разгледува состојбата во државата. Во однос на регионот на Струга, Караџоски најави дека од утре ќе ја зајакнат епидемиолошката служба со уште еден епидемиолог во период од 14 дена.

-Ја зајакнуваме и епидемиолошката служба по бројност и во Тетово со уште еден епидемиолог, а секојдневно ја следиме актуелната состојба, и ако има потреба ќе реагираме и со испраќање на друг потребен персонал доколку локалната самоуправа и потребите на болницата укажат на тоа како – пулмолози, интеренисти. Дополнително имаме уште еден колега инфектолог кој ќе направи увид во болницата во Охрид, ќе ја разгледа состојбата дали некои мерки треба да се направат по некои назнаки за проблематични приеми на одредени пациенти и ќе ги реферира на Комисијата за заразни болести и ќе видиме потоа што на ниво на Министерство за здравство ќе се преземе, рече Караџоски.

Со оглед на смртните случаи и тоа што се зголемува бројот на случаи на Ковид – 19, тој најави дека најверојатно ќе се отвори пункт за тестирање во Струга за што има можност, при што Болницата во Струга ќе треба да одвои еден микробиолог и еден лаборант и заедно со подрачната единица на ЦЈЗ да се земат брисеви, коишто ќе се трансферираат до Охрид, а потоа до Скопје.

-Состојбата се следи дневно на територија на целата држава. Доколу се укаже потреба ќе реагираме и на друг начин. Засега од среда важат правилата кои ги соопштија премиерот, министерот за здравство и вицепремиерот, рече Караџоски. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер