Османи во Париз: Остануваме на патот на европската интеграција

Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија.

Ние се гледаме себе како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред се за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, Османи се сретна со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан со кого разговараше за европската перспектива на земјава, билатералната соработка, сојузништвото во НАТО, реформската агенда во земјава и регионалните предизвици.

– Франција е еден од главните мотори на Европската унија и силна европска земја и ние сме благодарни што денес ја реафирмиравме поддршката за нашите европски интеграции. Овие пријателски пораки ни се потребни затоа што без разлика на предизвиците, не сакаме да оставиме простор за разочараност, изјави Османи.

Двајцата соговорници, како што информира МНР, разговарале и за европското досие на земјава во контекст на потребата од спроведување на одлуката на Советот на ЕУ во март минатата година.

– Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитет меѓу земјите од Западен Балкан затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка од земјите-членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги. Сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципилени позиции и со Франција, истакна Османи.

Во насока на продлабочување на билатералната соработка, Османи и Ле Дријан потпишале три документи – Договор за основање на француска агенција за развој, Договор за филмска копродукција и Договор за прием на донација на пренослив систем за балистичка идентификација.

Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со советниците на францускиот претседател Изабел Думон и Александар Адам, а ќе оствари средби и со сенаторката Марта Де Синдрак и со заменик генералниот директор на Француската агенција за развој Филип Бодуен. /МИА

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер