Османи: Во интерес на Бугарија е целиот регион да се интегрира во ЕУ

Зголемената комуникација на релација Скопје-Софија е најдобар начин на се надминат разликите помеѓу двете земји – смета шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Вели дека и Бугарија има интерес од членството на Македонија во Европската Унија, и очекува комисиите за историја да најдат заеднички став за сите горливи прашања. Османи најави и дека наскоро ќе се одржи средба помеѓу државниот врв на двете земји, на која би се разговарало за билатералните односи и евроинтегративниот процес на Македонија, а од македонска страна вели дека ќе се бара почитување на договорот за добрососедство.

Од друга страна пак, од Софија и денеска со порака за евроинтегративниот тек на земјава. Бугарскиот пратеник Алексадар Сиди, за тамошните медиуми вели дека доколку Македонија продолжи да го поттикнува како што вели, македонизмот, Бугарија ќе ја сопре поддршката за членство.

Категорично да. Ако тие не ги исполнат условите од договорот за добрососедство, нема никаков начин Бугарија да продолжи да го поттикнува македонизмот во Македонија. Во краен случај, тие успеаа да склучат договор со Грција кој го почитуваат, кој беше многу тежок за нив, го променија и името, но не сакаат да седнат и да се договориме дека до 1945 година имаме заедничка историја.

Евроинтегративните текови и односите меѓу Македонија и Бугарија беа дел и од денешната средба на министерот Османи со генералната секретарка на регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, каде како што соопштија и двајцата, меѓудругото посебен акцент бил ставен на предизвиците и потенцијалите од претстојниот софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер