Османи: Одлуките за укинување на забраната за движење и другите рестрикции не се ад-хок решенија

На денешната прес-конференција посветена на одлуките на Владата, свое обраќање имаше и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и за координација на странската помош за КОВИД-19, д-р Бујар Османи.

Во продолжение ви го пренесуваме неговото интегрално обраќање:

Почитувани граѓани, дозволете на почетокот да ви се заблагодарам и да ви честитам за високото ниво на дисциплина, на високата граѓанска свест и саможртва што ја покажавте сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки. Со тоа помогнавте да се зачува вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, но станавте десна рака на здравствените работници со што значително им ја олеснивте нивната работа.

Се разбира во целиот овој период имаше и одредени пропусти, прекршувања и критики кон нас во делот на имплементацијата на сите овие рестриктивни мерки, но морам да кажам дека оваа закана е невидена претходно и ниту една држава и ниту еден граѓанин можел да се подготви за вакви рестриктивни мерки.

Не беше лесно ниту за Владата, но уште помалку лесно беше за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики, да ги напуштат своите работни места, да се грижат за образованието на своите деца, да ги ограничат своите движења. Но, и покрај сето тоа и евентуалните мали пропусти, ние успеавме од моментот на влез на овој вирус во нашата држава преку неговото ширење да воспоставиме контрола и предвидливост. И во ниту еден момент вирусот не излезе од контрола и не излезе од патерните на ширење кои беа предвидени во нашата стратегија.

Денешните одлуки за олабавувања воопшто не се ад-хок решенија кои се донесени денеска, туку се дел од една подолгорочна стратегија на Владата како да се овозможи безбедност на граѓаните во услови на слободно движење. Успеавме уште од Дебар кога беше најголемата криза, токму преку овие рестриктивни мерки да имаме веќе неколку недели ниту еден позитивен случај.

Истото се случи и во Куманово кога навременото тестирање, детектирање и изолирање овозможи нормализирање на кривата и убедени сме дека тој тренд, којшто на локално ниво го менаџиравме заедно со локалните штабови, еве сега се случува и на национално ниво.

Дури и денешните евентуални џебови и зголемување на бројките се во рамки на контролираното и предвидливото сценарио за ширење на пандемијата. Меѓутоа должност на Владата е да овозможи безбедност на граѓаните, слободно движење и враќање во новата нормалност која ја заговараме.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

притисни ентер