Османи – Ковачев: Заедничка комисија за историски прашања да ја продолжи својата работа во насока на постигнување напредок

Во рамките на дводневната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се сретна и со европратеникот Андреј Ковачев, кој воедно е член на АФЕТ и потпретседател на Европската народна партија.

Како што соопшти МНР, Османи на разговорот посочи дека Република Северна Македонија е целосно посветена на унапредување на добрососедските односи со Бугарија преку имплементација на сите одредби на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка врз основа на меѓусебно почитување.

-Нашата политика е во насока на градење на пријателство и на линија на негување на европските вредности, истакна Османи.

На средбата, се додава, биле реафирмирани позициите на нашата земја дека со Република Бугарија беше започнат еден исклучително важен и сложен процес на заедничко растење.

-Влогот е голем од двете страни и очекувањето е дека ќе надвладее меѓусебното разбирање и ќе се продолжи по патот на зближување и градење партнерство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави. Република Бугарија и досега ги поддржувала европските интеграции на Република Северна Македонија и очекуваме оваа поддршка да продолжи и во иднина. За нас беше од исклучителна важност бугарското претседавање со Советот на ЕУ во 2018 година, кога проширувањето на ЕУ повторно се врати како приоритет на агендата на Европската унија, затоа континуитетот на оваа успешна и заедничка приказна мора да продолжи со усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакнал Османи.

На средбата станао збор и за заедничкото претседавање со Берлинскиот процес при што, се наведува, беше подвлечено дека со нашиот сосед негуваме професионална и плодна соработка во менаџирањето на агендата на заедничкото претседавање со Берлински процес, и тоа во услови на пандемија. Тоа, се посочува, јасно покажува дека можеме да практикуваме партнерски однос и негуваме европски пристап во меѓусебната комуникација и функционирање. Ко-претседавањето на Бугарија и Македонија со Берлинскиот процес, односно помеѓу земја членка на ЕУ и земја кандидат, ќе биде пример и образец за продлабочување и на европската соработка и иднина на регионот.

Соговорниците заклучија дека Мултидисциплинарната заедничка комисија за историски и образовни прашања треба да ја продолжи својата работа во насока на постигнување на напредок

-Градиме мостови на соработка кои водат кон зголемена доверба и заеднички успех. Тоа е и целта на Договорот меѓу двете земји, на рамката која ја имаме усогласено – за историските прашања да разговараат експертските комисии, а истовремено да обезбедиме непречена политичка, економска, културана и општествена соработка, заклучи Османи, стои во соопштението. /МИА

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер