СветОслободените тајландски заробеници од Газа стигнаа во Бангкок Семејства на тајландските работници на фарма, кои беа држени како заложници во Газа повеќе од една година, плачеа од радост и ги прегрнуваа своите најблиски при пристигнувањето во Бангкок.Петмина Тајланѓани се смееја кога влегоа во салата за пристигнувања на аеродромот Суварнабхуми во Бангкок, откако беа ослободени на 30-ти јануари како дел од договорот за прекин на огнот чија цел беше да се стави крај на војната во Газа. Воачара Сријаун, Понгсак Тана, Сатиан Суваннакам, Сурасак Ламнау и Банават Саетао денеска слетаа во Бангкок во 7.30 часот и беа пречекани од мала група пресреќни роднини и службеници од Министерството за надворешни работи. Понгсак им кажа на новинарите дека останал без зборови кога го видел своето семејство. „Им благодарам на сите што ни помогнаа да излеземе. Немаше да бидеме овде денес да не беа тие. Конечно можевме да се вратиме во нашата татковина“, рече тој. Сомбун Саетао, таткото на Банават, рече дека е „толку среќен“ и дека неговиот син ќе биде пречекан дома од неговото семејство со традиционална тајландска церемонија. „Мислам дека не би сакал повторно да бидам далеку од дома“, изјави за АФП Сомбун, кој доаѓа од провинцијата Нан во северен Тајланд. Банават се преселил во Израел девет месеци пред киднапирањето во потрага по подобар приход за неговото семејство, додаде тој. Министерот за надворешни работи Марис Сангиампонса рече дека е „многу инспиративно“ да се биде сведок на нивното враќање и дека официјалните лица ќе ја следат нивната реинтеграција во тајландското општество, „фокусирајќи се на нивното ментално здравје“. Петмината повратници сега се на пат кон нивните места на живеење. Бунсонг Тапчајут, претставник на Министерството за труд, изјави на аеродромот дека секој заложник ќе добие еднократна исплата од околу 18.000 долари, заедно со месечна плата од 900 долари до 80-годишна возраст, за да се осигура дека нема да мора да се вратат во Израел. Кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, 31 Тајланѓанец беа киднапирани, 23 беа ослободени до крајот на истата година, а двајца беа потврдени мртви во мај. Се верува дека еден тајландски државјанин сè уште е жив во Газа. Вкупно 46 тајландски работници се убиени од октомври 2023 година, според Министерството за надворешни работи во Бангкок, повеќето во нападите на Хамас, а некои од ракетите истрелани од либанскиот Хезболах.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter