3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканОслободен е припадник на Земунскиот клан, осуден за убиство на премиерот ЃинѓиќДушан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан и еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, е ослободен од затвор во Сремска Митровица.Крсмановиќ е ослободен само неколку дена пред 20-годишнината од убиството на Ѓинѓиќ. Уапсен е на 2 април 2003 година во операцијата Сабја. Тој беше единствениот член на Земунскиот клан кој изрази каење на судењето, но не за убиството на премиерот Ѓинѓиќ, туку за „сè што го доведе до ситуацијата во која се најде“. Со првостепената пресуда бил осуден на 30 години затвор за учество во 14 убиства, од кои едното како извршител. Со одлука на Апелациониот суд казната му е намалена на 20 години. Во 2019 година тој поднел барање за предвремено ослободување бидејќи одлежал две третини од казната, но неговото барање било одбиено. Пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага. „Го убивме премиерот Ѓинѓиќ. Сè беше како што кажав во истрагата. Се покајав и повторно ќе кажам сè“, рече Крсмановиќ во текот на истрагата, кој детално опиша бројни злосторства на Земунскиот клан. Тој во 2008 година во жалба до Врховниот суд побара да се намали првостепената пресуда и „да му се даде уште една шанса“. „Признав и не се поштедив ниту себе, ниту другите. Не сакам да се бранам со тоа дека сум невин. Се чувствувам виновен и судот правилно ме прогласи за виновен, но казната не беше соодветно одмерена. Не барам повторно судење или поништување на пресудата“, рече тогаш Крсмановиќ во писмената жалба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањВо среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 20 гр. сув вргањ 150 - 200 мл. топла вода 500 мл. павлака за готвење 1 мало шише бело суво вино 40 - 50 гр. пармезан 1 коцка говедска супа 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло 1 чешне лук сол, бибер, свеж магдонос мајчина душица Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16