Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
2Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
3Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
ЗабаваОслабнала 50 килограми и станала Мис на Велика Британија (ФОТО)Џен Аткинс е новата Мис на Велика Британија. Русокосата 26-годишна жена стана најубавата жена во земјата, откако изгуби неверојатни 50 килограми."Не можам да поверувам. Ако некој ми го кажеше ова пред три години, би помислил дека е луд", вели Аткинс, која рече дека живеела од испорака на храна пред неколку години. Откако донела цврста одлука да го смени својот животен стил и да ја замени нездравата храна со здрава, килограмите почнаа да се топат. View this post on Instagram My first Interview as Miss Great Britain yesterday 🇬🇧👑 I’m still in shock! Thank you all for the lovely message and your support! I am now available for appearances and events, please contact @missgb_official 🇬🇧 #begreat #beyou #missgb #queen #beautyqueen #positive #inspire A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Feb 23, 2020 at 4:22am PST Џен исто така била редовна во теретана и дека од масно ткиво може да станат мускули, и станало јасно пред две години кога ја освои наградата на локалниот избор за убавина. Таа реши да тренира уште повеќе и за две години го оствари сонот на многу девојки. View this post on Instagram When something bad happens you have 3 choices; You can either let it define you, let it destroy you or you can let it strengthen you. Here I am stronger than ever... A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Jan 19, 2020 at 4:12am PST „Ништо не е невозможно со волја и напор“, им рече Џен на сите. View this post on Instagram Less than 6 weeks until the @missgb_official finals - the 75th Anniversary final 👑 what an incredible honour to be part of such a huge event! What’s my story? Well, after years of being obese, unhealthy and uncomfortable I found motivation and managed to lose 8 stone. It transformed me into an ambitious and hard working person in all areas of my life; achieving something so incredible changed my mindset and made me realise if I worked hard enough for something, I could achieve it. Believe in yourself, put the hard work in, stay positive and make your own dreams a reality ✨ #motivation #weightloss #transformation #missgbfinalist #begreat #hardwork #misslincolnshire #beautyqueen #misconception #happiness #health #healthybodyhealthymind A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Jan 12, 2020 at 6:56am PST View this post on Instagram Out here living my best life. One day in and I could cry with happiness. Absolute dream. #honeymoon #mexico #privatepool #tan #sun #jacuzzi #suite #dream #workedhardforthis #livingmybestlife A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Aug 29, 2019 at 7:31am PDT View this post on Instagram It’s not Tuesday but I’m throwing my transformation out there anyway 💁🏼♀️ #transformation #weightloss #proud #diet #exercise #motivation #facefriday #slimming #beautyqueen #happiness A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Jun 14, 2019 at 1:10am PDT View this post on Instagram On Wednesdays we wear PINK 💗 Raising awareness for Cervical Cancer month! Girls aged 25 book in your cervical screening, it takes 5 minutes! 💗 @missgb_official A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on Jan 29, 2020 at 8:13am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АвтомобилизамПретставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили. Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч. Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок. Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD. Подготовки за рекордот и уништениот прототип Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност. Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада. Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур. Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина. BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорностМицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело. Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО. Ја обвинува СДСМ за ширење паника. Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува? Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија. Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“. Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија. Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор - Вучуиќ. Се е копи-пасте. Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање. Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството. Извештајот на ЕК има директна врска со Савески. За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО. Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка. Има закон, има обвинителство и суд. Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда. За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред. Дадовте заклетва пред граѓаните!, рече Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитнициИако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе. На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа. Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс. Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс. Почитувани, Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда. Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот. Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00