Ослабела 45 килограми кога слушнала како ја нарекуваат сопругот и љубовницата - Канал 5

Ослабела 45 килограми кога слушнала како ја нарекуваат сопругот и љубовницата

Бетси Ајала од Хјустон, Тексас, ја зголемила тежината за 30 килограми по породувањето во 2013 година. Шест месеци подоцна таа открила дека нејзиниот сопруг има љубовница, и ги нашла нивните пораки во кои ја нарекуваат со погрдни имиња исмевајќи ја нејзината тежина.

Нејзиниот сопруг и љубовницата ја нарекувале Бетси - дебела крава! Но таа не паднала во очај поради тоа, туку решила нешто да преземе. Побарала поддршка од нејзината сестра и ги заменила чоколадите со зеленчук, почнала да вежба. Денеска со 45 килограми помалку, смета дека неверството на сопругот за неа било благослов!

- Во тоа време бев изгубена. Не знаев што да правам со себе. Имав 118 килограми и шестмесечно бебе и се на што работев и за што се трудев едноставно - исчезна. Сега искрено мислам дека неговото неверство е благослов бидејќи ако не се случеше, јас ќе останев таква засекогаш. Сега имам втора шанса, нов почеток. Решив мојата ќерка да се гордее со својата мајка и да бидам пример за неа - вели 34 годишната Бетси, маркетинг - менаџер.

- Кога се роди детето навистина бев во тешка ситуација, бев во депресија и качив 30 килограми. Во септември почнав со диета, а околу Божиќ дознав дека мојот сопруг има врска со колешка. Со него бев од 17 години и навистина му бев посветена. На Фејсбук пронајдов пораки кои си ги праќале а во кои ме нарекуваат дебела крава. Навистина бев уништена.Светот ми се урна. Тој мене секогаш ми велеше дека изгледам убаво и ме охрабруваше да јадам брза храна, но мислел друго. Дури како да сакал да изгледам така!

Бетси почнала со здрава храна и вежбање во теретана 6 дена во неделата. Се развела од неверниот сопруг и вели дека е среќна.

- Јас сум нова личност. Позитивна и среќна. Никогаш претходно не сум била задоволна. Сега со екс сопругот сме дури и во добри односи. Јас сфатив дека тоа што тој го направи не е поради мене туку поради него. Мојот долг пат ми помогна да го сфатам тоа - вели Бетси.

/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер