Шоу бизОскаровката Ема Томсон за новите навики во исхраната: Конечно си го прифаќам телото Ема Томсон е една од холивудските ѕвезди која е исклучително лесно да се засака. Популарната британска актерка зад себе има богата кариера која трае со децении, а се занимава и со заштита на животната средина.63-годишната оскаровка неодамна се врати на насловните страници по најавата за нејзиниот нов филм Lucky You, Leo Grande, во кој сними гола сцена. Софија Хајд, режисерката на филмот, изјави за People: „Ема не е имуна на културата со која сите сме бомбардирани, што ни кажува дека нашите тела никогаш нема да бидат доволно добри. Затоа, за да го помине овој момент целосно како Ненси, Ема мораше навистина да верува во таа идеја.Што тотално и успеа“. Томпсон коментираше: „Мислам дека треба да ги прифатиме нашите тела - да не ги сакаме, не мора да ги сакаш - но мора да ги прифатиш за да доживееш нешто во нив“. Значи, што направи оваа ѕвезда со текот на годините за да се чувствува удобно во сопствената кожа во нејзините 60-ти, особено во свет кој го гледа стареењето како негативна работа? За Томпсон, една од најдобрите навики во исхраната што ги има во текот на годините е тоа што научила целосно да се откаже од модерните диети. Во интервју за The Guardian во 2018 година, Ема Томпсон зборувала меѓу другото и на таа тема. Таа раскажала како диетите влијаеле врз неа во минатото и зошто ветила дека целосно ќе се откаже од диети. „Диетите ми го збркаа метаболизмот и ми го збркаа умот“, вели Томпсон. „Цел живот се борев со таа мултимилионска индустрија, но би сакала да имав повеќе знаење пред да почнам да ги голтам нивните глупости. Жал ми е што некогаш ги следев тие трендови“. Иако не зборува за типовите на диети кои ги следела, неодамна откри каква диета се држела пред неколку години кога успеала на здрав начин да ослабе. Тоа е метод на урамнотежена исхрана без ограничувања за видот на храната и без каење. „Тоа не е ништо чудо, но мојот мрзлив задник се придвижи и ми помогна да ги задржам добрите навики“, рече Томпсон. „Ми се допаѓа тоа што не е диета и што е одржлива, па можам да пијам чаша вино одвреме-навреме и да уживам во неа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 16. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка . Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувтсвувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Сѐ што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook