Штерјова : Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски
1Штерјова : Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски
3Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава
Шоу бизОскаровката Џенифер Лоренс била повредена од експлозија при снимање на новиот филм (ФОТО)Холивудската актерка Џенифер Лоренс се повредила за време на снимањето на филмот „Не барај горе“ во американскиот град Бостон.Лоренс за време на акцијата на филмот ја погодило парче стакло над окото, пренесува Дејли меил. Тоа била планирана и контролирана експлозија, која е дел од заплетот на филмот што се снима деновиве во Бостон. Сепак, и покрај претпазливоста, поради експлозијата, големо количество стакло одеднаш се распарчило и ја погоди и повреди актерката. На фотографиите направени од „Дејли меил“ се гледа како Лоренс лежи на земјата, држејќи го лицето додека неколку минувачи притрчале на помош за време на снимањето. Извор од сетот изјави за Page Six дека Џенифер ја погодило стакло, но дека сега е добро.. Снимањето на филмот, кој што бил окарактеризиран како политички, но и филм за катастрофа, беше запрен во петокот по инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаШтерјова : Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце ГеоргиевскиДевет месеци по преземањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, сè уште нема обезбедено функционален и редовен јавен превоз за скопјани, обвини советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова.„Градоначалник, во предизборната кампања ветувавте квалитетен и целосно функционален јавен градски превоз, вклучително и обезбедување доволен број исправни автобуси и навремено движење согласно возниот ред. Во едно интервју рековте дека првиот чекор ќе ви биде темелна ревизија на работењето на ЈСП од страна на експерти. Јас до сега не сум видела резултати од таа ревизија“, рече Штерјова. Таа нагласи дека реалноста во ЈСП и натаму е далеку од ветувањата, а претпријатието продолжува да се соочува со сериозни финансиски и оперативни проблеми. „И по девет месеци сликата со јавниот превоз е речиси иста како претходно. Бројот на автобуси е далеку од потребниот, а ЈСП е сè уште задолжено. Расипани автобуси, нередовен превоз, незадоволни патници кои се возат без клима на плус 40 степени. Градоначалник, состојбата во ЈСП е катастрофална и покрај субвенциите кои Град Скопје до сега ги даде на претпријатието“, истакна советничката од СДСМ. Штерјова, обвини дека додека скопјани чекаат на нови автобуси и неизвесно е дали најавениот тендер ќе биде успешно реализиран, градоначалникот се занимава со промоција на наводни заштеди. „Сè уште сме во исчекување дали тендерот ќе успее, дали ќе се испорачаат автобусите. И додека ги чекаме новите автобуси, проработи вашиот ПР и се пофаливте дека сте заштедиле половина милион евра за гориво за изминатите шест месеци и тоа со повеќе од 50 автобуси во сообраќај. Прашувам, каде се тие автобуси и дали се невидливи само за нас? На Скопјани не им треба градоначалник кој ќе се фали со помали трошоци, им треба градоначалник кој ќе обезбеди функционален градски превоз. Затоа, помалку фалење со бројки, а повеќе автобуси, ред и одговорност“, порача Штерјова. Советничката од СДСМ посочи и на вчерашниот инцидент со запалениот двокатен автобус на Водно, предупредувајќи дека безбедноста на патниците мора да биде приоритет и дека мора да се утврди одговорност. „Секако да не ни се случи вчерашната хаварија и глетката за запален автобус на Водно. Очигледно, овој двокатен автобус е ист како сите други – темпирана бомба и опасност од многу поголема трагедија. Дали одговорност конечно ќе има, за да не се случи трагедија? Среќа беше вчера што возачот реагираше навреме и спречи катастрофа“, рече ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода: Нови услови, нови можности за среќен училишен почеток на нашите ученици!Со нови инвестиции во дигитализацијата, инфраструктурата и училишниот мебел, основните училишта „Партенија Зографски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ започнуваат нова училишна година со значително подобрени услови за учење и работа.Во основното училиште „Партенија Зографски“ фокусот е ставен на современите образовни стандарди преку целосна дигитализација и опремување на просториите. Училиштето доби нова информатичка опрема која вклучува лаптопи, смарт панели, таблети и гигабитни рутери за стабилна интернет мрежа во целиот објект. Дополнително, целосно се заменети клупите и столчињата во одделенската настава (од I до IV одделение), набавен е нов мебел за предметната настава, како и нови шкафчиња за наставниците и техничкиот персонал. Инвестицискиот бран опфаќа и сериозни зафати во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. За потребите на учениците набавени се 150 нови столчиња, 75 училишни клупи и катедри, а училниците се збогатени со телевизори и бели табли. Во рамките на овие активности реконструирани и свежо обоени се 7.500 квадратни метри ѕидови во десет училници и соодветните ходници. Како поддршка за семејствата и учениците, обезбедени се и бесплатни ранци со прибор за секое прваче, како и училишни униформи за сите ученици. Овие вложувања се дел од континуираната стратегија за создавање современа, безбедна и стимулирачка средина во која учениците ќе можат квалитетно да го стекнуваат своето знаење и да го развиваат својот целокупен потенцијал. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаГерасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн наставаУчениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект.Станува збор за инвестиција што се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител е Министерството за образование и наука. Министерството ги обезбедува финансиските средства, основниот проект и ревизијата, го координира процесот, го обезбедува изведувачот и надзорот и ја следи реализацијата на градежните активности до нивното завршување. Согласно првично предвидената динамика, градежните активности требаше да завршат пред почетокот на новата учебна година. Со оглед дека работите сè уште се во тек, ООУ „Киро Глигоров“ побара организирање на онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение. Министерството за образование и наука даде согласност овие ученици времено да следат настава од далечина, до создавање услови за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека во моментов најважно е да се обезбеди непречено започнување на учебната година. „Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Бидејќи градежните активности што ги реализира Министерството за образование и наука сè уште не се завршени, учениците од четврто до деветто одделение времено ќе следат онлајн настава. Од МОН побаравме и информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите, затоа што очекуваме тие да бидат завршени во најкус можен рок и учениците што побрзо да се вратат во училишните клупи“, изјави Герасимовски. Општина Центар ќе ја следи состојбата во училиштето и ќе биде во постојана комуникација со раководството на ООУ „Киро Глигоров“, родителите и Министерството за образование и наука, со цел учениците што поскоро да продолжат со редовна настава во безбедни услови. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter