Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
1 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЖивотОсиромашените гастарбајтери Постарите странци, кои живеат и повеќе години работеле во Германија, повеќе се погодени од сиромаштија отколку германските државјани. Појавата е позната одамна, но проблемот сега е актуелизиран. Езер Гоклер е голем исклучок. 65-годишниот Турчин во Германија дошол во 1969. година, научил германски, положил матура и студирал економија. Како дипломиран економист многу години работел како контролор во големи фирми и подоцна основал своја фирма. Уште рано тој вложил пари во недвижнини. „Затоа денес не морам да плаќам кирија и со приходите можам да ја удвојат мојата пензија од 1200 евра“, раскажува Геклер. Тој со ова е исклучок, зашто според статистиката, на многу доселеници во негова возраст им оди полошо - тие едвај да имаат за живот. Работна сила за стопанското чудо Во 1960-те и 1970-те години во Германија се доселија милиони луѓе од Јужна и Источна Европа. Мнозинството дојде за да избега од сиромаштијата во татковината. Стопанството во Германија цветаше и имаше потреба од работна сила. Германија долго привлекуваше мигранти, кои тогаш беа наречени гастарбајтери. Примамени од изгледите за подобар живот, тие работеа во железарите или во рудниците, кај автомобилските производители и во големите кујни. Само малкумина достигнаа благосостојба. Најново објавена студија на Институтот за економија и социјални науки на фондацијата Ханс-Беклер покажува - денес повеќе од 40 проценти од мигрантите во пензионерска возраст се погодени од сиромаштија. Со тоа стапката на сиромаштија кај постарите странци е трипати поголема отколку кај германските државјани. Како сиромашен, односно загрозен од сиромаштија, според дефиницијата во ЕУ, се смета оној кој на располагање има помалку од 60 проценти од просечниот приход. Кај самците во Германија тоа значи, мора да излезат на крај со помалку од 848 евра месечно. Кај паровите тоа изнесува 1278 евра месечно. Со студијата не се опфатени само самци, туку и парови и големи семејства. Есер Геклер „Едно домаќинство може да биде целосно или воопшто да не биде сиромашно. Ако имате две лица, од кои едното располага со повеќе од 848 евра, а другото нема ништо, тогаш двете се сиромашни“, вели Ерик Зајлс, автор на студијата. Лошо платени и побрзо без работа Научникот гледа три причини за посебно високата сиромаштија во старост кај мигрантите: „Оние кои стигнале овде, биле вработени во големи фирми, кои по тенденција подобро плаќаат, но извршувале таму едноставни, нискоквалификувани дејности. Тие по правило се послабо платени“. Второ: во 1980-те години, кога во индустријата се затворале многу работни места и секторот на услужни дејности бележел бум, биле отпуштани пред се‘ странци. Затоа стапката на невработеност кај мигрантите е далеку над онаа кај Германците. Трета причина, според Зајлс, е фактот што странците „претставуваат целосно занемарлив удел во администрацијата, која вообичаено не е воопшто погодена од сиромаштија на старост“. Кон тоа доаѓа, вели социологот, тоа што многумина странци во Германија стигнувале како постари возрасни и затоа имаат прекината „професионална биографија“. Тие доаѓаа од земји во кои цвета црниот пазар. За првите години од своето вработување без социјално осигурување тие често не добиваат ништо“. Расте бројот сиромашни странци на старост Тешката ситуација на мигрантите во пензионерска возраст не е ништо ново. Уште во 2006. година излезе студија на Германскиот институт за економски истражувања која укажа на зголемена сиромаштија кај постарите мигранти. Но, она што е оттогаш драстично променето, е бројот на засегнатите, истакнува Ерик Зајлс. „Бројот странци со старечка сиромаштија од 170 илјади во 2006. година до денес порасна на околу 270 илјади“. А бројката веројатно уште ќе расте, вели Зајлс во разговор за Дојче веле. За да се заштитат идните генерации мигранти од старечка сиромаштија, Германското пензиско осигурување во покраината Баден Виртемберг во 2009. година, заедно со повеќе добротворни организации и Министерството за интеграција, започна голем проект. „Со нашите курсеви за обезбедување во периодот на старост речиси не опфативме мигранти, и затоа ја развивме мрежата НЕМИГУСС, мрежа за мигрантите и социјалната сигурност“, вели Андреас Шварц, раководител на Германското пензиско осигурување во Баден Виртемберг и прв човек на НЕМИГУСС. Сениори со странски корени во Германија: често недоволно социјално осигурани Овде за финансиското и медицинско обезбедување на старост посебно треба да бидат информирани трите најголеми групи мигранти: Турците, Италијанците и Грците. „Системот на социјално обезбедување е многу комплициран. Ние нудиме семинари, на кои на луѓето содржините им ги претставуваме на многу едноставен начин. Освен тоа, учесниците имаат можност да поставуваат прашања на нивниот мајчин јазик“. Првите курсеви на НЕМИГУСС беа одржани во 2012 година со добар одѕив, како што вели Шварц. Слични системи има и во другите покраини. Но, тие не добија толкав публицитет, а на сојузно ниво се‘уште недостига соодветна информативна кампања. Бесплатните семинари за финансиско обезбедување на старост се достапни преку Министерството за интеграција во Баден Виртемберг. Корисници, според Шварц, се културни друштва, мигрантски организации и синдикатите. Но, секој може да се пријави: „Тогаш доаѓа некој од нашите партнери, кој е во состојба да одговара на соодветниот мајчин јазик“, вели Шварц. Многумина од срам не одат во Службата за социјална помош На денешните мигранти во пензионерска возраст НЕМИГУСС веќе не им користи. Понекаде навистина постојат групи за самопомош за сиромашните мигранти, но тие се најчесто исклучок. На сиромашните пензионери - странци им останува само патот до Службата за социјална помош и барањето за т.н. основно обезбедување, ако нивната пензија не им стасува за живот. Ако тоа го прават сите кои имаат право на поддршка, бројот на сиромашни мигранти во пензионерска возраст ќе биде повисок отколку што е тоа денес, вели Ерик Зајлс. Неговата теза: странците уште повеќе од Германците се срамат да бараат помош во Службата за социјала. /Извор: DW/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца. Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите. -Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“. Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот. -Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок. Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи. Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад. Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември. Тагови: Пожарот во Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со британската амбасадорка СивагнанамПродлабочување на стратешкото партнерство и полициската соработка со Обединетото Кралство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивагнанам, на која беше потврдена одличната досегашна соработка и заедничката определба за натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете држави во областа на безбедноста. На средбата се разговараше за тековните активности и можностите за унапредување на полициската соработка, со посебен акцент на борбата против сериозниот и организиран криминал, граничната безбедност, справувањето со нелегалната миграција, сајбер-криминалот и недозволените финансиски текови. Посебно внимание беше посветено на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, како и на натамошното зајакнување на оперативната и регионалната полициска соработка, размената на информации и искуства и јакнењето на професионалните и техничките капацитети на македонската полиција. Министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка што Обединетото Кралство му ја дава на Министерството за внатрешни работи преку експертска и техничка помош, специјализирани обуки и реализација на заеднички проекти. На средбата беше истакнато дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областа на безбедноста и реализација на заеднички активности насочени кон поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, поголема регионална стабилност и безбедност на граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00