Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
2Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
Шоу бизОрландо Блум позира сосема гол, фановите забележале проблем (ФОТО)Орландо Блум на својот профил на Инстаграм објави серија фотографии од пливање, а на една од нив холивудскиот актер позира целосно гол.Имено, актерот и го свртел грбот на камерата и го покажа своето мускулесто тело, а стратешкото место го покри со емотикон од праска. „Неверојатно е“, објави Орландо со видеото како плива во вода, но фановите беа особено воодушевени од неговата гола фотографија. View this post on Instagram A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom) „Каков маж“, „Боже мој“, „Ти си совршен“, „Крал“, „те сакам“, се само некои од коментарите. Бројни придружници, сепак забележаа луѓе на другата страна на брегот. „Па, тоа е семејство од другата страна“, „Но, има луѓе на другата страна“, „Оние од другата страна се навистина среќни“, биле некои од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран. САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи. Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник. САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook