Организаторите а ЛОИ2028 најавија поволни цени на влезниците - Канал 5

Организаторите а ЛОИ2028 најавија поволни цени на влезниците

 Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година најавија денеска дека цените на билетите ќе бидат прифатливи, истакнувајќи оти еден милион влезници ќе бидат достапни по цена од 28 долари.

Организаторите а ЛОИ2028 најавија поволни цени на влезниците

„Олимписките игри мора да бидат достапни и инклузивни, бидејќи им припаѓаат на сите. Тоа значи дека цените на билетите мора да бидат прифатливи“, изјави претседателот на Организацискиот комитет на ЛОИ и Параолимписките игри 2028, Кејси Васерман.

Тој истакна дека една третина од приближно 14-те милиони билети за Олимписките и Параолимписките игри ќе бидат со цена од 100 долари или помалку, а еден милион билети ќе бидат достапни за 28 долари.

Регистрацијата за билети за Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес започнува денеска, а билетите ќе бидат пуштени во продажба во април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.

Сабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?

Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата.

Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот.

Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата.

„Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз.

Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

 Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи.

Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27.

Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности.

Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија.

Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави.

Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Денеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23  до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер