Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
2Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
СветОрбан го поддржа Трамп: Ви благодарам, господине претседателе! Додека другите европски лидери го поддржуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски, унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно ја изрази својата поддршка за Доналд Трамп по драматичната средба меѓу двајцата претседатели во Белата куќа.Орбан рече дека Зеленски работи против мирот во својата земја. „Силните луѓе создаваат мир, слабите луѓе создаваат војна“, напиша Орбан на X. Strong men make peace, weak men make war. Today President @realDonaldTrump stood bravely for peace. Even if it was difficult for many to digest. Thank you, Mr. President! — Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 28, 2025 „Денес, претседателот Доналд Трамп храбро се залагаше за мир. Дури и ако тоа беше тешко да се свари за многумина. Ви благодариме, г-дине претседателе!“, објави Орбан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЈанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ спојот со ул. „Моша Пијаде“, информира преку својот фејсбук профил градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор. Изведувач на работите е „Метал Апостолов“. Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани. [♻️] Заедно за почист и поубав град!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаБожиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните. „Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката. Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување. Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем. Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите. „Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска. Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата. „Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации. Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со РусијаЕстонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија, како дел од напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност, изјави естонскиот министер за одбрана Мартин Херем пред новинари.Бункерите ќе бидат изградени во регионот Ида-Виру, кој граничи со Русија. Околу 100 бункери ќе бидат поставени на државно земјиште, а приближно 50 на приватни парцели или на земјиште во сопственост на локалните самоуправи, рече Херем, според естонскиот медиум ERR. Министерот не даде детални информации за тоа како ќе се користат бункерите. Најновите мерки доаѓаат во време кога продолжуваат руските закани кон источното крило на НАТО. Како одговор на зголемената руска агресија во регионот, балтичките држави во последните години ставаат силен акцент на стратешката подготвеност, поттикнувајќи ја подготвеноста на цивилното население и зголемувајќи ги трошоците за одбрана. Претставници на НАТО предупредија на навлегувања на руски беспилотни летала, повреди на воздушниот простор, саботажи и други хибридни закани, додека земјите во регионот истовремено ја зајакнуваат својата противвоздушна одбрана. Откако Русија започна целосна инвазија врз Украина, НАТО го зајакна своето источно крило преку распоредување дополнителни трупи и подготовка на план за брз одговор. Претходно овој месец, естонската војска објави дека трајно ќе премести една борбено подготвена бригада поблиску до руската граница. Првата бригада треба да биде преместена во новопроширена воена база, оддалечена помалку од 50 километри од руската граница, со цел армијата подобро да се подготви за евентуален руски напад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook