3СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
МакедонијаОпштина Карпош ќе инвестира над 1,6 милиони евра за инфраструктурни зафати во населба БардовциГрадоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра.Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра, поточно во фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирање и поплочување на улици. Тој нагласи дека локалната самоуправа мора да одговори соодветно на потребите за изградба на нова инфраструктура, имајќи предвид дека ова е урбана заедница која забрзано се развива, при што постои голем интерес кај граѓаните за изградба на индивидуални и колективни домови на оваа територија. - Во моментот, во оваа населба вршиме асфалтирање и поплочување на улици кои што се веќе постоечки, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Вршиме реконструкција на интегрирана сообраќајна површина на улица 14 и крак од улица 4 во вредност од 560.000 денари. Исто така реконструкција на крак 2 и крак 3 на улица 10, реконструкција на крак 1 и крак 2 од улица 3 и улица 6, како и реконструкција на сообраќајна површина на улица 2. Сето ова го изведува фирмата Битем, а вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 3,5 милиони денари – објасни Јакимовски. Првиот човек посочи дека Општината има подготвено проекти со кои аплицираше за средства кои ги одобрува Владата на Република Македонија во вредност од 82 милиони денари. Оттука, средствата ќе бидат наменети за изведба на улична мрежа на новопроектирана улица 6, како и канализација и асфалтирање на улица 1687. Исто така, со овие средства се предвидува изградба на фекална канализација во овој дел како и во Нов пат, и изградба на канализација на новопроектираните улици „З“ и „Е“ кои се предвидени со блокот на УПС Бардовци, поточно во фаза градежништво, водовод, канализација и електрика, што подразбира и ново улично осветлување. - Во таа насока подготвуваме нови проекти кои се веќе нарачани за реконструкција на улица 2, на крак 4, на крак од улица 8 и на крак од улица 18. Воедно, сакам да најавам дека се подготвува и урбанистички план со кој во оваа урбана заедница ќе се предвиди мал трговски центар со спортски терени, со кафетерии, продавници, центар за снабдување итн. Ова го говорам од причина што овој дел не може да биде само за живеење, туку граѓаните мора да имаат место за забава, но и услови каде секојдневно ќе се снабдуваат со продукти. Направивме максимум за овие луѓе да имаат каде да спортуваат и да се рекреираат, а од аспект на образованието и воспитанието извршивме целосна реконструкција на ООУ „Аврам Писевски“ и изградивме градинка која работи над максималниот капацитет, што значи дека ќе ни треба и проширување на оваа предучилишна установа – прецизираше Јакимовски. Тој објасни дека локалната самоуправа мора да биде во чекор со времето, решавајќи ги проблемите на бардовчани, со што се создаваат поволни услови за оваа урбана заедница да биде подеднакво развиена како и останатиот дел од општината. - Во исто време сакаме да придонесеме за луѓето што имаат тука имот, да им се зголеми вредноста, и на тој начин да ги задоволиме апетитите на сите граѓани – додаде градоначалникот Јакимовски. Одделение за односи со јавноста ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓанитеВо изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места. Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле. Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези. Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот. Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј. Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот. Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема. Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко. Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни. Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари. Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција. Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ. Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра. Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра. Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување. Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери. Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа. Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери. Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите. СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter