Општина Бутел домаќин на 14. Тортијада - Канал 5

Општина Бутел домаќин на 14. Тортијада

Околу 40 натпреварувачи од седум скопски општини денеска ќе учествуваат на 14-та Тортијада „Слатка мистерија 2020", што ќе се одржи во ресторанот „Аликас" во Визбегово, Општина Бутел.

Општина Бутел домаќин на 14. Тортијада

Манифестацијата се организира во соработка со Хуманитарната организација „Ангелчиња". Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории на изработка на торти: професионалци и аматери. Ќе бидат доделени и шест награди за најубавите торти, по три во двете категории.

Во официјалниот дел на Тортијадата ќе биде одржана лицитација на сите торти. Собраните средства се наменети за хуманитарна цел, ќе му бидат доделени на дваесетгодишниот Филип Комненовски заболен од церебрална парализа.

Во ревијалниот дел, што ќе се одржи од 16:00 до 19:00 часот, ќе бидат изложени сите торти. Во детскиот ревијален дел ќе учествуваат и учениците од основните училишта во Општина Бутел. Од 18:00 до 19:00 часот учениците заедно со своите родители и наставниците ќе ги декорираат тортите што претходно дома ги испекле. Имагинацијата на сите ученици ќе биде наградена со благодарници и пригодни подароци.

На манифестацијата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

Апелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на  Вања, Александар Ѓорчевски.

Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска

Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски

„Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација.

Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити

 Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.

Англиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити

Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред.

Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови.

Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа.

„Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни.

На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот.

Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот.

Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива.

„Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата

Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници.

Кузеска: За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата

Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа.

Заедно со ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа ЗА. Во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ.

За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата.

Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ.

Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет.

Пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра.

Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше.

Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско.

Оправдувања нема. Нека им кажат на своите гласачи. Нека ѝ кажат на јавноста зошто застанаа токму на оваа тема. Зошто, на денот кога се мери пристојна работа, минималецот не вредеше ниту за нивно присуство, ниту за нивни глас.

Одговорот е на масата на која седнаа. Платформа, ЗНАМ 2.0. Луѓе што од внатре работат да ја урнат единствената опозиција, СДСМ.

ЗНАМ го знаеме од денот кога ја предадоа партијата, па гласачите. Платформата ја знаеме од денот кога се виде тендер од 1,6 милиони евра од ВМРО-ОКГ. Помалку од Гета. Повеќе од образ.

Левица е анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Руска партија, во земја каде Америка е стратешки партнер и каде околу 80 проценти од граѓаните го поддржуваат и НАТО и Европската Унија. Партија за ништо.

Како таква партија да биде дел од влада што тврди дека оди кон Европа? Не може.

Освен ако не ѝ треба на арамијата. За алиби. За да ги ситни опозициските гласови. За да му даде “ракавица в лице” кога ќе му снема пари за тендери, а да му даде алиби за избори.

Второто прашање е потешко. Зошто партија што нема врска со СДСМ бара смена на раководството на СДСМ?

И тоа заедно со претходни функционери што го донесоа катастрофалниот резултат во 2024, кога СДСМ ја загуби власта. Уште потешко. Луѓе од СДСМ што до вчера беа за НАТО, за Америка и за ЕУ седнаа на маса со луѓе што се против сè тоа. Со партија што НАТО го нарекува убиец.

Како се спојува неспоиво? Само ако е нарачано. Само ако веќе работат за Мицкоски и за организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Левица не е опозиција. Платформата не е реформа. И двете се алатки.

Едната руско далечинско. Другата тендерско. Шефот е ист.

На граѓаните денес им е јасно.

Целта е спас на криминалната група на власт. Ненародна партија што себеси се смета за елита, а народот за талог, глодари, медиокритети.

Истата што ги осиромаши и ги задолжи поколенијата, ја забрани слободата на говор, медиумите ги воведе во мрак, а Македонија ја изолира.

СДСМ гласаше за плата за работниците. Ќе гласаме и повторно. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сателитите ќе останат без сигнал.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер