Определен му е притвор на 76- годишниот возач од Косово за сообраќајката во која загинаа три момчиња и баритонот Ристе Велков - Канал 5

Определен му е притвор на 76- годишниот возач од Косово за сообраќајката во која загинаа три момчиња и баритонот Ристе Велков

Доцна синоќа е определена мерка 30 дневен притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.

Определен му е притвор на 76- годишниот возач од Косово за сообраќајката во која загинаа три момчиња и баритонот Ристе Велков

Марко Ѓирѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, загинаа во стравичната сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Марко, Петар и Адам имаа само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст.

Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток.

Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. 

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети

Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории.

Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите.

Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите.

Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија.

Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Репрезентативец на Сенегал се прости од националниот тим

Хаос по елиминацијата на Сенегал од Светското првенство – репрезентативец се прости од националниот тим.

Репрезентативец на Сенегал се прости од националниот тим

Репрезентативниот играч за врска Пап Геј објави дека повеќе нема да настапува за националниот тим сè додека на чело на селекцијата е актуелниот стручен штаб.

Фудбалерот на Сенегал ја донесе оваа одлука по елиминацијата од Белгија во нокаут фазата на Светското првенство, а се обрати до јавноста преку социјалните мрежи.

„Ќе се вратам да кажам неколку зборови за испаѓањето... Но, веќе денес објавувам дека, сè додека овој стучен штаб е на чело на репрезентацијата, ќе направам пауза од играње за националниот тим“, напиша Геј.

Неговата одлука уследи откако тренерот го замени во 66-тата минута од натпреварот против Белгија. „Физички се чувствував добро кога излегов од игра. Но, на крајот на краиштата, одлуките се на тренерот. Мора да ги почитувате“, изјави Геј по натпреварот, без притоа да навести дека ќе повлече толку радикален потег.

Според актуелните информации, нема индиции дека тренерот Папе Тиао би можел да ја напушти клупата на Сенегал.Што значи дека Геј би можел долго време да биде надвор од селекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа?

Шкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа? Еве за кој модел станува збор.

Шкода подготвува автомобил од 7.000 евра за Европа?

Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ размислува за воведување на попристапни модели - со мотори со внатрешно согорување и електрични погони - на европскиот пазар.

Сегментот на градски автомобили во Европа речиси исчезна во последните години по прекинувањето на производството на модели како што се „Форд Ка“, „Пежо 108“ и „Шкода Ситиго“.

Следствено, купувачите кои се свесни за буџетот во голема мера се принудени да се одлучат за поголеми модели од Б-сегментот, како што е „Шкода Фабија“.

Сепак, „Шкода“ сега повторно размислува за влез во сегментот на мали автомобили.

Покрај електричните градски автомобили, чешкиот производител ја истражува можноста за воведување на кросоверот „Килак“ - првично развиен за индискиот пазар - во Европа, објавува „Аутокар“.

Извршниот директор на „Шкода“, Клаус Зелмер, потврди дека компанијата работи на проект што вклучува употреба на високо економични компоненти за да понуди возило со конкурентна цена, објавува „Б92“.

Иако „Škoda“ учествуваше во развојот на сестринскиот модел „Volkswagen ID Every1“ – кој треба да го наследи моделот Up! следната година – чешкиот бренд во меѓувреме се повлече од проектот.

Целмер смета дека побавниот раст на пазарот на електрични автомобили ѝ оди во прилог на Škoda, бидејќи компанијата може и понатаму да се потпира на своите модели со бензински мотори – Fabia, Scala и Kamiq – кои сè уште бележат одлични резултати во продажбата.

Според него, Volkswagen Group го доверила развојот на своите најевтини електрични модели – сегмент што се карактеризира со многу ниски профитни маржи – на самиот бренд Volkswagen. Како резултат на тоа, нов електричен модел од почетната класа со логото на Škoda нема да се појави пред крајот на оваа деценија.

Од друга страна, Целмер гледа значителен потенцијал во модел позициониран под Fabia. Škoda Kylaq се издвојува како главен кандидат, со оглед на тоа што во Индија се продава за околу 7.000 евра.

Сепак, доколку пристигне во Европа, Kylaq ќе треба да се прилагоди за да ги задоволи построгите европски стандарди во однос на безбедноста, технологијата и квалитетот на изработка.

Според Целмер, со оглед на тоа што е многу тешко да се спушти цената на „Фабија“ (Fabia) под 20.000 евра, овој модел би можел да пополни голема празнина на пазарот.

„Килак“ (Kylaq) е развиен врз приспособена верзија на платформата MQB A0, која „Шкода“ (Škoda) ја користи и за моделите „Кушак“ (Kushaq) и „Славија“ (Slavia), наменети за индискиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер