Опра Винфри е критикувана поради нејзината последна изјава за кралското семејство - Канал 5

Опра Винфри е критикувана поради нејзината последна изјава за кралското семејство

Меган и Хари открија некои од шокантните факти во нејзиното интервју во 2021 година.

Опра Винфри е критикувана поради нејзината последна изјава за кралското семејство

Опра Винфри (Опра Винфри, 68) се соочи со жестоки реакции на социјалните мрежи откако рече дека се надева дека смртта на кралицата ќе му овозможи на кралското семејство да се здружи и да се помири.

- Татко ми неодамна почина, ова лето. Кога сите семејства ќе се соберат на заедничка церемонија, ритуал, знаете, погреб на мртвите, постои шанса за мир. И се надеваме дека ќе има – изјави Опра.

Водителката наиде на бурни реакции на социјалните мрежи поради забелешките, при што некои се прашуваа зошто избрала да ги коментира старите тензии.

- Значи веруваш дека смртта на кралицата е „шанса за мир“? А на Меган и даде простор да плука по кралицата и кралското семејство – е еден од коментарите.

Во своето интервју во 2021 година, Меган и Хари открија некои од шокантните факти за ова семејство и нивниот меѓусебен однос, што дополнително ги оддалечи од монархијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Огнена линија долга неколку километри.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае.

Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа.

Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. 

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.

Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер