Операта во Сиднеј ја започнува едногодишната прослава на 50. јубилеј

Операта во Сиднеј ја започнува едногодишната прослава по повод својот 50-ти роденден, при што ќе бидат изведени повеќе од 230 претстави со учество на локални и меѓународни ѕвезди, а ќе заврши на 23 октомври 2023 година со гала концерт.

Покрај класичните концерти, операта во Сиднеј оваа година планира да постави повеќе современи дела и да вклучи повеќе уметници од домородната заедница како што е Абориџинскиот женски хор од Централна Австралија.

Операта во Сиднеј „е најголемата икона на Австралија“, рече регионалниот министер за уметност и култура, Бен Френклин.

Организаторите планираат серија културни настани, од кои некои ќе бидат бесплатни, а програмата ќе започне во октомври, кога ноќе ќе бидат проектирани слики на „иконските едра“ на архитектонското ремек-дело. Големото финале е закажано со концерт во октомври 2023 година - месецот во кој Операта го слави својот роденден, пренесува австралиската новинска агенција ААП.

Заедно со блискиот мост Харбор, Сиднејската опера е симбол на австралискиот град. Операта во Сиднеј е дизајнирана од данскиот архитект Јорн Утзон (1918-2008), добитник на Прицкеровата награда, најпрестижната награда за архитектура. Изградбата траела 14 години, а операта официјално ја отворила кралицата Елизабета Втора. на 20 октомври 1973 година.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер