Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи
1Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи
ТехнологијаOpenAI одговори на обвинувањата на Маск: Сака целосна контрола Во најновиот развој во светот на вештачката интелигенција, OpenAI, водечка компанија во оваа индустрија, го презентира својот став во однос на тужбата поднесена против нив од Илон Маск, еден од ко-основачите и претходните инвеститори.Во изјавата потпишана од клучните членови на тимот на OpenAI - Грег Брокман, Илја Сукевер, Џон Шулман, Сем Алтман, Војачек Заремба и целиот тим на OpenAI - се претставени детали кои фрлаат светлина на динамиката помеѓу Маск и компанијата, како и обвинувања против познатиот претприемач. Според OpenAI, придонесот на Илон Маск во развојот на компанијата бил значително помал од првично очекуваното. Од своето основање во 2015 година, Маск обезбедил помалку од 45 милиони долари на компанијата, и покрај првичното ветување за финансирање до 1 милијарда долари. Размената на вакви ставови дојде откако Маск ги тужеше Алтман, Брокман и OpenAI, тврдејќи дека компанијата отстапува од својата основачка мисија за развој на вештачка интелигенција во корист на човештвото, обвинувајќи ги дека ги префрлаат своите приоритети на профит, пред сѐ во корист на Мајкрософт. Во своето соопштение, OpenAI нагласи дека, согледувајќи ја потребата од огромни компјутерски ресурси за развој на вештачка општа интелигенција (AGI), заклучиле дека е неопходно да се премине во профитабилна структура за да се обезбеди потребното финансирање. Тука се покажало несогласувањето со Маск, кој во тој момент изразил желба да го спои OpenAI со Tesla или да преземе целосна контрола над компанијата. „Додека разговаравме за структурата на профит за да ја унапредиме мисијата, Илон сакаше да се споиме со Tesla или сакаше целосна контрола. Илон го напушти OpenAI, велејќи дека мора да има релевантен конкурент на Google/DeepMind и дека тој ќе го стори тоа, а би нѐ поддржал да си го најдеме патот“, напиша компанијата OpenAI. На обвинувањата на Маск дека OpenAI ги напуштила своите принципи со отворен код, компанијата одговори со нагласување дека Маск бил свесен и се согласил на постепено поместување од целосната транспарентност додека компанијата напредува со развојот на AGI.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија тимот на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволни пожарникари од Битола .Работеше цела ноќ, а продолжува со работа и утринава ова утринава го изјави за Канал 5 директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов. Според него изгорени се напуштени куќи или куќи во кои се пртестојаувало ретко .Нема повредени жители ниту пожарникари.селото е оддалечено околу 35 километри од прилеп. Поради лошиот и кривулест пат, на екипите им бил потребен околу еден час за да стигнат до населеното место.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнаа уписите на УКИМ: Повеќе од 8.800 слободни места за новата академска година Најголемиот државен универзитет ги започна уписите за новата академска година. Кандидатите за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.Од вкупниот број места, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти. Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места. За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, годинава бројот на слободни места на сите универзитети е намален за околу 2.000, по направената анализа на потребите на пазарот на трудот. Таа посочи дека квотите се намалени кај одредени струки каде има поголем број невработени, додека кај информатиката, машинството, градежништвото и другите технички струки местата се задржани речиси на исто ниво, поради високата вработливост. објави Скопје1.мкТагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрмијата го слави 34. роденденАрмијата на Македонија денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и граѓаните. Од Армијата посочуваат дека изминатата година беше година на значајни резултати и потврда дека Армијата продолжува да ги развива своите способности и да ги исполнува највисоките национални и НАТО-стандарди. Периодот беше обележан со најдинамичниот циклус на опремување и трансформација досега, како и со континуирана поддршка на цивилните институции при кризни состојби и природни непогоди. Армијата во текот на 2026 година демонстрираше висока оперативна подготвеност, интероперабилност и способност за брзо реагирање. Активен придонес во меѓународните мисии и подготвеност за поддршка на граѓаните Во моментов повеќе од 180 армиски припадници се распоредени во Романија, Бугарија, Летонија, Косово, Босна и Херцеговина и Либан како и во рамки на мисијата NSATU на НАТО за безбедносна помош и обука за Украина. Покрај меѓународните обврски, Армијата останува подготвена и за поддршка на цивилните институции во справувањето со природни непогоди и кризни состојби. Во текот на летниот период се одржува високо ниво на готовност за евентуално ангажирање во борбата против пожарите, при што повеќе од 300 армиски припадници се подготвени за итно дејствување на целата територија на државата, во координација со надлежните институции. Од Армијата посочуваат дека се во најинтензивниот циклус на модернизација од нејзиното формирање. Новите оклопни возила „Страјкер“ и „JLTV“ значително ги унапредуваат мобилноста, заштитата и борбената ефикасност на единиците, додека артилерискиот систем „Боран“ обезбедува прецизно огнено дејство на големи далечини. Воедно, воведувањето на современиот противвоздушен систем „Мистрал 3“ ќе придонесе за натамошно зајакнување на националните капацитети за заштита и контрола на воздушниот простор.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter