Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
АвтомобилизамOpel денес ја откри целосно новата, шеста генерација на Astra!Со целосно новата Astra, германскиот производител сега го отвора следното поглавје: за прв пат, моделот од компактната класа е достапен со електричен погон.Успешната приказна за бестселерот на Опел започна пред 30 години со потомството на легендарниот Кадет. Со целосно новата Astra, германскиот производител сега го отвора следното поглавје: за прв пат, моделот од компактната класа е достапен со електричен погон. Opel ќе ја понуди новата Astra во две нивоа на изведба како plug-in хибрид. Како и верзии со високо ефикасни бензински и дизел мотори во комбинација со шест-степен мануелен и осум-степен автоматски менувач. Новата Opel Astra е динамична како никогаш порано, со пространи, зајакнати површини, детоксиран од излишни елементи и со новото лице на Брендот - Opel Vizor. Со следната генерација на компактна класа, Opel покажува дека Astra е подготвена да дефинира нова ера. Новата Opel Astra ќе биде лансирана оваа година како спортски модел со пет врати, со низок изглед и уште повеќе простор од неговиот претходник. Со должина од 4.374 mm и ширина од 1.860 mm, пополнува во целост местото на компактниот сектор. Благодарение на особено краткото преклопување на предниот дел, новата Astra е подолга само 4,0 mm од претходниот модел, и покрај значително зголеменото меѓуоскино растојание од 2,675 mm (+13 mm). Без оглед на мускулестиот, сигурен став, практичниот багажник на новата Astra со прилагодлив под сепак им нуди на возачот и на четворица патници 422 литри волумен. Новата генерација е дизајнирана и развиена во седиштето на Opel во Риселсхајм каде производството ќе започне оваа есен. Како и неговиот претходник лансиран во 2015 година, новодојдениот, носи новини во компактната класа што клиентите претходно ги очекувале само од поскапи возила. На пример, Astra може да ја претвори ноќта во ден: најновата еволуција на адаптивната светлина Intelli-Lux LEDix Pixel доаѓа директно од предводникот на Opel Insignia и со 168 LED елементи, води во компактниот и средниот сектор на пазарот. Скок во времето се случи во внатрешноста на новата генерација на Astra. Со целосно дигиталниот Pure Panel, аналогните инструменти се пренесуваат низ историјата. Наместо тоа, новиот ”Human Machine Interface (HMI) со свежа, модерна графика им нуди на клиентите чисто, поинтуитивно искуство. Патниците можат да управуваат со новата Astra интуитивно преку екстра-широки екрани на допир, исто како паметен телефон. Дизајнерите и инженерите на Opel се погрижија навистина многу да се осигураат дека возачот ги добива сите потребни информации и корисни опции за работа, но не е оптоварен со излишни податоци или функции. Покрај тоа, клучните поставки, како што е контролата на климата, сè уште може да се управуваат преку физички прекинувачи и копчиња. Предните седишта, се со сертифициран AGR („Aktion Gesunder Rücken e.V.“) и, со својата примерна ергономија, се премногу удобни, особено на долги патувања. Возачот е поддржан од најсовремените системи за асистенција кои се движат од главниот дисплеј до полуавтоматизираниот систем за асистенција Intelli-Drive 2.0 и камерата Intelli-Vision 360 степени. „Целосно новата Astra - роден е новиот ”Blitz”! Со сензационален дизајн и водечка класа на технологија. Електризиран и високо ефикасен за најниски можни емисии; одејќи во нова ера. Astra е креирана со најголема прецизност до најмалите детали. Уверени сме дека следната генерација на Astra има сè што е потребно за да стане уште еден бестселер и да привлече многу нови клиенти за Брендот “, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook