3Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?
КултураОнлајн продажба на билети за саемот на книга 2021 Од денеска, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари, информираат организаторите на саемот. Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември. На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти. Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија. Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, се вели во соопштението на организаторите на саемот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЈанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите[🤸] Детската смеа е најубавиот доказ дека ова беше вистинска инвестиција.Детското игралиште во Михајлово веќе подолго време е омилено место за најмладите. Секојдневно е исполнето со дечиња, млади луѓе и семејства кои уживаат во играта, дружењето и времето поминато на отворено. Современите детски реквизити овозможуваат безбедна забава, но и придонесуваат за развојот на моторичките способности и физичката активност кај децата. Со вакви проекти создаваме простори кои живеат секој ден – места каде што се создаваат насмевки, пријателства и убави детски спомени. [💚] Продолжуваме да инвестираме во содржини што го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации, напиша на својот фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЕвропаВидео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачотВистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне. Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош. Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба. Questa mattina a Trieste, durante una visita in città, alcuni militari in servizio presso l'#AccademiaMilitare di Modena sono intervenuti senza esitazione dopo aver assistito a un drammatico incidente: un'auto è precipitata in mare in Piazza Unità d'Italia con il conducente a… pic.twitter.com/3hjm6Arm9n — Ministero Difesa (@MinisteroDifesa) July 12, 2026 Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко ФилипчеИзнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во однос на вчерашните навреди од страна на Мицкоски во Собранието. Филипче посочи дека вистинското извинување подразбира преземање одговорност, а не формален обид за спас на политичкиот углед. „Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Јован Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат премиер кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, рече Филипче. Тој додаде декаа ваквото однесување не е срам само за премиерската функција, туку и за институциите што Мицкоски ги претставува, и со ваквото однесување премиерот испраќа крајно погрешна порака и до младите и до меѓународната јавност. „Ова е срам и за функцијата која што ја извршува, и за универзитетите, и за Собранието, и за Владата, и за државата. Каква порака им испраќа примерот на младите? На студентите? Каква порака им испраќа на граѓаните на Македонија? При тоа, ова не го гледа само Македонија и граѓаните тука, ова го гледа цела Европа. Вакво однесување од еден претседател на Влада до сега не е видено. Ниту кај нас, ниту пак сега има било каде во Европа. Ваков потценувачки однос кон граѓаните, кон пратениците во Собранието, нема никаде во Европа“, истакна Филипче. Воедно, Филипче укажа дека нервозата на Мицкоски е последица на падот на довербата кај граѓаните и на неговите неисполнети ветувања. „Спуштањето на политичката комуникација на ова ниво не може да се оправда со ништо, најмалку со нервозата што произлегува од падот на довербата кај граѓаните и од личниот рејтинг, кој самиот премиер го урна со секојдневните лаги и неисполнетите ветувања изминатиот период“ , рече Филипче. Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook