Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
1Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
2Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
3Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ЖивотОН: Загадувањето со пластика може да се намали за 80 % со рециклирање и повторна употреба Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите на извештајот. Ова би вклучило владите да промовираат шишиња што повторно се полнат, диспензери на големо, шеми за враќање на депозитите и шеми за враќање на пакувањето – што би можело да намали 30 отсто од пластичниот отпад. Дополнителни 20 проценти би можеле да се намалат доколку рециклирањето стане постабилна и попрофитабилна индустрија, додека отстранувањето на субвенциите за фосилни горива и принудувањето на дизајнерите на амбалажата да ги подобрат способностите за рециклирање на производите би значело дека количината на пластика што може да се рециклира ќе се зголеми од 21 на 50 проценти. Употребата на алтернативи како што се хартија или материјали за компостирање наместо пластика за завиткување, кесички и амбалажа за носење, исто така може да заштеди дополнителни 17 проценти од загадувањето со пластика, наведе УНЕП. Сето ова сепак ќе остави 100 милиони тони пластичен отпад од предмети за еднократна и краткотрајна употреба, за кој УНЕП вели дека може да се справи со поставување и имплементирање на специјално дизајнирани и безбедносни стандарди за негово отстранување, како на пример производителите да бидат одговорни за производи што содржат микропластика. - Начинот на кој произведуваме, користиме и отстрануваме пластика ги загадува екосистемите, создава ризици за здравјето на луѓето и ја дестабилизира климата … Овој извештај на УНЕП прикажува патоказ за драматично намалување на овие ризици преку усвојување кружен пристап кој ја држи пластиката надвор од екосистемите, надвор од нашите тела и во економијата, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен. - Ако го следиме овој патоказ, вклучително и во преговорите за договорот за загадување со пластика, можеме да извојуваме големи економски, социјални и еколошки победи, додаде тој. Извештајот насловен „Исклучување на чешмата: Како светот може да стави крај на загадувањето со пластика и да создаде циркуларна економија“, доаѓа пред вториот круг преговори во Париз за глобален договор за справување со загадувањето со пластика. Авторите на извештајот велат дека преминувањето кон поциркуларна економија ќе резултира со заштеда од 1,27 трилиони долари, додека дополнителни 3,25 трилиони долари ќе бидат заштедени од подобреното здравје, климата, загадувањето на воздухот, морските екосистеми и трошоците поврзани со судски спорови. Исто така, ќе создаде нето зголемување од 700.000 работни места до 2040 година, главно во земјите со ниски приходи. УНЕП вели дека инвестициските трошоци се „значајни, но под трошоците без оваа системска промена“ – 65 милијарди долари наспроти 113 милијарди долари без промената. Голем дел од ова би можело да се собере со користење на инвестиции кои би биле наменети за поголемо производство на пластика, или со воведување на давачка за пластични производи. Неуспехот да се воведат овие политики навреме и одложувањето за пет години може да доведе до зголемување од 80 милиони тони пластичен отпад до 2040 година, соопшти УНЕП. Владата на Велика Британија во јануари соопшти дека воведува шема за враќање на депозитите во 2025 година, при што пластичните шишиња ќе имаат дополнителен трошок што ќе може да се врати откако ќе се рециклираат. Се проценува дека секоја година во Велика Британија се користат пет милиони тони пластика, од кои половината доаѓаат од пакувања. Пластика е пронајдена во речиси секој агол на светот, вклучително и на Антарктикот, додека на почетокот на оваа година научниците за првпат забележаа болест предизвикана од пластика кај птиците – наречена пластикоза – која го воспалува дигестивниот тракт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
КошаркаПретседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!„Не е на продажба“, првиот човек на евролигашот Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ реагираше на шпекулациите за трансферот на најдобриот кошаркар на црно-белите Карлик Џонс.Остоја Мијаиловиќ зборуваше за Карлик Џонс и потврди дека плејмејкерот останува во Партизан. На социјалните мрежи се појавија шпекулации за можното заминување на Карлик Џонс од Партизан во Олимпијакос, наводно како замена за повредениот Жан Монтеро. Поради сето ова, првиот човек на „црно-белите“ се огласи и ги демантираше тие наводи. „Карлик Џонс има загарантиран договор со Партизан за оваа и за следната сезона, без клаузула за раскин. Тој е нашиот најдобар играч и сметаме на него за остварување на нашите спортски цели оваа сезона. Клубот нема интерес да го продаде“, напиша на социјалните мрежи, Остоја Мијаиловиќ. Претходно, „црно-белите“ издадоа соопштение во кое потврдија дека Жоан Пењароја и стручниот штаб ја имаат целосната поддршка од раководството на клубот. Дополнително, беше обелоденето дека Сани Бечировиќ е новиот директор на клубот.Тагови: Евролигата КК Партизан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГолема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет децаВо Србија се уапсени шест лица, а спасени се девет деца во рамките на голема полициска операција насочена против сексуалното злоставување на деца преку интернет. Веста ја потврди Министерството за внатрешни работи на земјата. Меѓународна операција „Мозаик“ Меѓународната операција, со кодно име „Мозаик“, ја спроведоа припадници на српската Управа за технологија и Службата за борба против високотехнолошкиот криминал. Тие постапуваа по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициските сили од земјите учеснички спроведоа вкупно 42 претреси и идентификуваа 48 осомничени лица. Досега се идентификувани и спасени девет деца – жртви на сексуално злоставување. Надлежните соопштија дека српската полиција идентификувала и уапсила шест лица од вкупно 48-те осомничени. Во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор беа извршени претреси во домови и други простории што ги користат осомничените. Притоа беа пронајдени компјутери и друга електронска опрема кои содржеле материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца. Постои сомневање дека лицата преземале, чувале и споделувале таква содржина преку интернет. Според досега собраните информации, некои од осомничените користеле лажни профили на социјалните мрежи и апликации. Тие се претставувале како млади девојчиња и стапувале во контакт со малолетници, со цел да ги принудат да испратат фотографии и видеа од сексуална природа. Полициска соработка и апел до родителите Операцијата „Мозаик“ се спроведува во рамките на европската платформа EMPACT. Таа опфаќа соработка меѓу полициските служби на земјите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска, со поддршка од Европол. Министерството за внатрешни работи на Србија упати апел до родителите и старателите да разговараат со своите деца за ризиците поврзани со комуникацијата со непознати лица на интернет.Тагови: детска порнографија Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!Сопругата на фудбалер на Динамо Киев, Назар Волошин, атрактивната Лиза шокираше со изјавата за пари!Лиза Волошина која е шест години повозрасна од својот сопруг повторно го привлекува внимание на јавноста со своите скандалозни изјави и провокативни фотографии. Интересно е тоа што оваа убава бринета се појавува во украинските медиуми под името Јелисавета Кандиба, додека по стапувањето во брак го користи презимето Волошина. Љубовната приказна меѓу Лиза и Назар трае веќе неколку години. Поточно, пред да стапат во брак летово на 11 јуни во Киев тие биле заедно пет години. Свадбената прослава ја организираа во кругот на семејството и пријателите. Според украинските медиуми, Лиза е шест години постара од фудбалерот. Оваа убава бринета често позира во елегантни и привлечни модни комбинации, објавува фотографии од разни фотосесии, а прикажува и прошетки, посети на ресторани, шопинг и патувања. Лиза дојде во центарот на вниманието на украинската и европската јавност во ноември 2024 година. Тогаш таа го привлече вниманието на медиумите изјавувајќи дека ѝ се потребни 1.000 американски долари месечно за удобен живот во Киев. Исто така, истакна дека заработката на нејзиното момче не ѝ е најважната работа, туку неговите цели и амбиции. За време на разговор со еден блогер, Лиза одговараше на прашања за скапите подароци што ѝ ги купил Назар, како и за тоа колкава сума пари смета дека е доволна за пристоен живот во Киев. Таа откри дека фудбалерот ѝ подарувал скапи прстени и чанти, но нагласи дека парите никогаш не биле пресудни во нивната врска. Додаде и дека нејзината омилена марка автомобили е BMW.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook