ОН: Иран можеби изврши злосторство против човештвото

Иранските власти потенцијално извршиле злосторства против човештвото во последните месеци, изјави денеска експерт на Советот за човекови права на Обединетите нации.

Тој наведе случаи на убиства, притворање, исчезнувања, тортура, силување, сексуално насилство и гонење.

Протести има ширум Иран откако иранската Курдка Махса Амини почина во полициски притвор во септември минатата година. Говорејќи пред Советот со седиште во Женева, британско-пакистанскиот адвокат Џаваид Реман, назначен за специјален известувач за човекови права во Иран, рече дека има докази дека Амини починала „како резултат на тепање од страна на државната полиција за морал“.

Иранските власти тврдат дека обдукцијата покажала дека Амини починала од претходно постоечки медицински состојби, а не од удари во главата и екстремитетите. Реман посочил дека обемот и тежината на злосторствата извршени од властите за време на задушувањето на протестите предизвикани од случајот Амини „укажуваат на можно извршување на меѓународни злосторства, особено на злосторства против човештвото“.

Тој изразил огорченост поради егзекуцијата на најмалку четири лица поврзани со протестите и рече дека од јануари оваа година во Иран по „многу нефер судења“ биле егзекутирани вкупно 143 лица. Амбасадорот на Иран во Советот, Али Бахреини, рече дека обвинувањата се измислени и дека Иран е цел на прогон.

Мајката на Навални поднесе тужба, бара да ѝ се предаде телото на синот- судот ја игнорира

На рускиот суд ќе му требаат речиси две недели да ја разгледа тужбата на мајката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, која бара од властите да ѝ го предадат телото на нејзиниот син.

Људмила Навалнаја се обидува да го земе телото на нејзиниот син од саботата, откако беше објавено дека тој починал еден ден претходно во казнена колонија на крајниот север на Русија.

Сослушувањето зад затворени врати е закажано за 4 март, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на судски претставници.

Вчера Људмила Навалнаја апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи телото на нејзиниот син за да биде „човечно погребан“, пишува Гардијан.

„Веќе петти ден не можам да го видам, не ми го даваат неговото тело, не ми кажуваат каде е“, рече таа, зборувајќи пред затворската колонија каде што почина нејзиниот син, облечена во црно.

Таа потоа лично му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин.

„Апелирам до тебе Владимир Путин. Решавањето на овој проблем зависи само од тебе. Дозволете ми конечно да го видам мојот син... Барам телото на Алексеј веднаш да биде ослободено“, рече таа.

За потсетување, канцеларот на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец објави дека Навални се чувствувал лошо по прошетката во казнената колонија Поларните волци и изгубил свест, по што починал по неуспешната реанимација и дека се истражува причината за смртта.

Навални одлежуваше 30-годишна затворска казна, а во соопштението на руските затворски власти се наведува дека тој е „најжестокиот домашен противник“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Вонредна прес-конференција на Арбен Таравари како претседателски кандидат

Вонредна прес-конференција вечерва одржа д-р Арбен Таравари, во Тетово, како како претседателски кандидат на претстојните избори од редовите на албанската опозиција.

“Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна:

1. Имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори.

2. Сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем.

Како што е познато, Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот.

Затоа, мојата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери. Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

3. Изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори.

Ова е големата вест! На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции.

Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура.

Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија.”, се наведува во соопштението од кабинетот на Таравари.

Нова ера за моделите на Дачија: Од април алкотест и црна кутија ќе бидат стандардна опрема

Dacia ќе ја ажурира комплетната палета на возила, а покрај визуленото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема.

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и приспособи сите сегашни модели на новите регулативи почнувајќи од април.

Она што е најважно во однос на новите регулативи, сите модели што ги нуди Dacia ќе добијат нов пакет на безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи, пренесува Klix.ba.

Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето на возач кој е под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента, возач за контрола на вниманието, помош при паркирање наназад, сензори за светло и дожд, автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, како и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат шифра за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и упатствата, со кои спасувачките тимови ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас во случај на несреќа на патот.

Од визуелните промени, најголемата иновација ја носи Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја добива и нова линија на опрема за Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на прагови и ексклузивни теписи во патничкиот простор. Дотерувањето на Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Сандеро и Логан сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, кој е присутен и на новата генерација на Duster.

Дополнително, сите модели ќе добијат USB-C приклучок на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната верзија Essential. .

притисни ентер