Оливија Њутн Џон по борбата со ракот: Болеста ме научи на сочувство! - Канал 5

Оливија Њутн Џон по борбата со ракот: Болеста ме научи на сочувство!

Пред повеќе од две децении Оливија Њутн Џон имаше рак на градите. Помина низ мастектомија и хемотерапија. Денеска вели дека е благодарна за искуството кое ја научило да има сочувство за сите луѓе со проблеми.

Оливија Њутн Џон по борбата со ракот: Болеста ме научи на сочувство!
- Благодарна сум з аискуството бидејќи без него немаше да направам многу работи кои ги направив во животот. Ме научи на сочувство со луѓето кои поминуваат низ тешки периоди во животот - изјави Оливија Њутн Џон во интервју за „Radio Times“.


Grease is the word: Olivia Newton-John and John Travolta in the iconic 1978 musical film which made her name

- Кога ми кажаа дека треба да направам мастектомија, се сеќавам дека бев преплашена.Бев уверена дека ракот се проширил со огромна брзина по секој дел од моето тело. Неколку недели мојот свет беше свртен наопаку, но потоа се прибрав и почнав да се борам ментално. Длабоко во мене секогаш имаше глас на надеж кој ми велеше - ќе помине и ова, ќе бидеш добра. Тој мал глас ми помогна да издржам.

По оваа тешка епизода од нејзиниот живот, Оливија Њутн Џон се посвети на подигање на севсноста за ракот на дојка. Основа Центар за борба со ракот во нејзиниот роден град Мелбурн.

Уверена е дека позитивниот став и помогнал да се вртаи во живот!

- Болеста ме принуди длабоко да размислувам за себе за прв пат, што е искуство кое го ценам. Научив да не чувствувам вина за мојата успешна музичка кариера. Сфатив дека сите ние мора да јадеме здраво, да вежбаме и да бидеме среќни. И денеска јадам здраво, колку можам органска храна. Бев вегетаријанец, а сега јадам и пилешко и риба. Верувам дека треба да си правиме задоволства, па пијам по една чаша вино и сакам чоколадо. Играм тенис три пати неделно и пешачам секој ден.

Следната година е 40 годишнина од прикажувањето на филмот „Grease“ кој ја напрваи Оливија Њутн Џон славна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет, каде ги посети штандовите на компаниите и се запозна со можностите за пракса и вработување на младите инженери.

На панел-дискусијата посветена на зелената транзиција, Божиновска истакна дека обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и новите технологии се важни двигатели на индустрискиот развој и конкурентноста.

„Нашата цел не е само да произведуваме повеќе чиста енергија, туку да изградиме економија што ќе ја користи енергијата поефикасно, ќе создава поголема додадена вредност и квалитетни работни места“, нагласи министерката.

Таа ја потенцираше важноста од поврзувањето на образованието со стопанството преку практична работа, заеднички проекти и истражување, со цел младите да ги применат своите знаења и да ја градат професионалната иднина во државата.

„Младите инженери и претприемачи имаат потенцијал своите идеи да ги претворат во иновативни решенија што ќе придонесат за модернизација на индустријата и економскиот развој“, порача Божиновска.

Саемот TECHMECH 2026 овозможува директно поврзување на студентите со компаниите и отворање нови можности за професионален развој и вработување.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

Роботското куче M20S, развиено од DEEP Robotics, со седиште во Хангжу, учествуваше во научна експедиција за зачувување на биодиверзитетот во шумите на планините Ајлао во покраината Јунан во југозападна Кина

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

„Глобал тајмс“ објави дека ова е прва примена на отелотворен робот со вештачка интелигенција во вистински научни истражувања.

Експедицијата, заеднички организирана од програмата за научна документарна литература ifeng.com и Кинеската асоцијација за научни експедиции, се фокусираше на истражување на биодиверзитетот во планините Ајлао, област позната по својата богата разновидност на флора и фауна и предизвикувачки терен.

Роботот, со тркала и нозе, се користеше во густи шуми, стрмни падини и други локации до кои е тешко или небезбедно пристапот на луѓето.

„За време на мисијата, роботот вршеше извидување на рутата, биолошки набљудувања, снимање слики и транспорт на снабдување, помагајќи им на истражувачите да собираат податоци со минимално нарушување на животната средина“, се вели во соопштението на DEEP Robotics.

YouTube video

Временските услови во оваа област во југозападна Кина можат брзо да се менуваат, со чести врнежи од дожд, магла и грмотевици, заедно со остри температурни промени, поставувајќи високи барања за сигурноста и прилагодливоста на опремата кон животната средина. Според DEEP Robotics, роботското куче LYNX M20S е дизајнирано за предизвикувачки терен и сурова надворешна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите среде бел ден со дрон погодија продавница: Тоа е рускиот одговор до САД (ВИДЕО)

Денеска Русија погоди продавница во регионот Одеса со млазен дрон од типот Шахид. 

Русите среде бел ден со дрон погодија продавница: Тоа е рускиот одговор до САД (ВИДЕО)

Три лица се повредени, а зградата е делумно уништена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го објави ова на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од уништувањето, пренесува украинскиот медиум УНН.

„Застрашувачки руски напад од млазен авион Шахид врз обична продавница во регионот Одеса. Русија го продолжува својот крвав терор. Продавницата е делумно уништена, а оштетени се и автомобили. Три лица се ранети. Сите служби за итни случаи се на терен и им помагаат на жртвите“, напиша Зеленски.

„Ова е одговорот на Русија на сигналите од Америка“

Украинскиот претседател особено нагласи дека е потребно западните партнери да помогнат во одбраната од вакви напади. „Станбените згради, продавниците, енергетскиот сектор и другата клучна инфраструктура се буквално под постојани напади. Немаме ниту еден час мир“, предупреди Зеленски.

Потоа директно се осврна на неодамнешниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Она што се случува е всушност демонстративен одговор на Русија на сигналите што ги добива од Америка. За жал, ова се опасни сигнали што укажуваат на можно понатамошно укинување на санкциите. Овие санкции ги воведе светот, Америка, Европа и нашите партнери, поради агресијата против Украина и војната што ја водат против нас. Ништо не се промени, војната не престана“, рече тој.

„Санкциите не смеат да бидат укинати“

Зеленски решително рече дека санкциите против Русија не смеат да бидат укинати под никакви околности. „Русија мора да го запре колежот што го започна сама и кој трае веќе 1.695 дена. Дополнителни пари за убивање нема да помогнат. Тука е потребна сила, а Америка е посилна од рускиот терор“, нагласи украинскиот претседател.

На фотографијата објавена од Зеленски може да се види дел од натписот на уништената зграда, а украинските локални медиуми претходно објавија дека во нападот бил погоден супермаркет од синџирот „Таврија-В.ину“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер