Олимписки шампион, кому му беа ампутирани рацете и нозете, се разбуди од кома - Канал 5

Олимписки шампион, кому му беа ампутирани рацете и нозете, се разбуди од кома

На олимпискиот, светски и европски шампион во уметничко лизгање, Роман Костомаров (45) пред неколку недели му беа ампутирани рацете и нозете.

Олимписки шампион, кому му беа ампутирани рацете и нозете, се разбуди од кома

На познатиот руски лизгач најпрво му биле ампутирани нозете поради гангрена, а по неколку дена му биле ампутирани и рацете поради ширење на сепсата. Само неколку дена подоцна несреќниот спортист доживеал мозочен удар и паднал во кома.

Потсетуваме, еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината беше примен на одделението за интензивна нега, каде што беше ставен на респиратор поради тешка пневмонија по коронавирусот. Но, ситуацијата се искомплицирала, се појавила гангрена и на несреќниот Костомаров му биле ампутирани нозете и рацете.

Со денови во медиумите се појавуваа различни информации за состојбата на лизгачот, дури се шпекулираше дека тој починал, но според последните информации Костомаров се разбудил од кома и полека закрепнува.

Лизгачот бил во најголем дел од времето свесен и почнал да дише самостојно. Во исто време, лекарите периодично го враќаат во сон со лекови бидејќи е многу важно да закрепне не само физички, туку и психички. Руските медиуми пишуваат дека секој ден го посетува невропсихолог бидејќи е неопходно да оди на психолошка рехабилитација.

"Тој ќе мора да прифати дека отсега ќе биде поинаква личност, ќе мора да научи да живее поинаку. Прво, ќе мора да се соочи со многу удари за да разбере дека животот нема да му биде ист. Беше лизгач, нозете му беа сè.Сега треба да изградиме сѐ“, вели невропсихологот Бибигул Кушалиева.

Според специјалистот, сега е важно Роман да се доведе до состојба на прифаќање. „За да може неговата психа да се опорави, тој мора да прифати и да разбере дека сега е ваков. Тоа е многу тешко да се направи, ќе мора да работи напорно на тоа.“

Покрај психичката состојба на пациентот, лекарите се загрижени и за некроза, односно дополнителна смрт на здравото ткиво. Левата рака на Костомар почнала да помодрува. Лекарите се сомневаат дека олимпискиот шампион повторно би можел да има сепса. Костомаров секојдневно е придружувана од сопругата Оксана Домнина. Лекарите велат дека таа е единствената која некако може да влијае на психичката состојба на нејзиниот сопруг.

Костомаров го освои златниот медал на Зимските олимписки игри 2006 година во Торино заедно со Татјана Навка. Заедно со неа двапати го освои Светското првенство и три пати Европското првенство. Покрај Татјана Навка, во пар настапи и со Ана Семенович и Екатерина Давидова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер