3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
БалканОлеснети се мерките во Србија, додека бројот на заразени не се намалува Балансирајќи помеѓу неопходните епидемиолошки мерки и напорите за зачувување на економската активност, Србија делумно ги олесни воведените петдневни ограничувања, но сепак бележи повеќе од 4.000 инфекции на ден.Од денеска ограничувањата се делумно ублажени, а од утрово во шест часот останува во сила забраната за трговските центри, кафулињата, рестораните, баровите и ноќните клубови. Сите продавници за храна, театри, кина, галерии и библиотеки можат да бидат отворени до 21 часот, а сите други објекти и услуги до 20 часот, под услов да обезбедат минимум девет квадратни метри по лице или посетител. Сепак, денешните официјални податоци покажуваат дека петдневното затворање, поблаго отколку што било побарано од медицинскиот дел на Кризниот штаб, не помогнало да се запре ширењето на инфекцијата, со пријавени уште 32 смртни случаи и 4769 нови инфекции од 14,474 тестови, што е повеќе од секој трет тестиран. Во исто време, бројот на хоспитализирани пациенти и тешки форми на вирус е зголемен - 5.899 лица се во болниците, а 236 се на апарати за дишење. Со вкупно 4.996 смртни случаи, Србија е на работ утре да ја премине психолошката граница од 5.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата. Поради зголемениот прием на пациенти, Министерството за здравство денеска го врати белградскиот клинички болнички центар Бежанијска коса во ковид -системот, додека лекарите продолжуваат да предупредуваат дека здравствениот систем е преоптоварен. Во кампањата за масовна имунизација, денеска започна вакцинирањето на учениците, откако тестовите покажале дека има повеќе од 30 заразени дневно.Граѓаните кои не биле официјално регистрирани преку е-системот, можат да пријават и за вакцинација на пунктовите за вакцинација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook