Околу 40 лица убиени во напад врз село во централниот дел на Мали

 Неидентификувана група вооружени мажи убила околу 40 луѓе во напад врз село во централниот дел на Мали, под контрола на бунтовниците, соопштија локалните власти.

Нападот се случи во селото Џигибомбо во регионот Мопти, една од неколкуте области во северниот и централниот дел на Мали каде џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се активни повеќе од една деценија.

- Тоа беше многу сериозен напад, вооружени мажи го опколија селото и пукаа во луѓе, рече градоначалникот на Банкаса, Мулаве Гуиндо во телефонска изјава.

Тој не можеше да даде точен биланс на жртвите, но двајца локални претставници, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека се убиени околу 40 луѓе./МИА

Се бараат голи мажи и жени во Загреб, се нуди голем хонорар

Нов оглас за работа од агенција која се занимава со наоѓање статисти за серии и филмови привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Имено, тие на својот Фејсбук профил објавија оглас во кој бараат статисти за сцената со оргија која ќе се снима на 7 и 8 август во студио во Загреб, а се работи за драмско-документарна серија и филм за царот Диоклецијан.

„Како што се живеело во римско време, така сакаме да го покажеме тоа. Бараме поголем број жени и мажи кои се подготвени да бидат голи и да симулираат сексуални односи со еден или повеќе партнери (облечени само во тен танга или гаќички)“, стои во огласот.

Индекс неофицијално дознава дека хонорарот е 600 евра и дека се работи за проект на ХРТ.

Рекламата привлече големо внимание, а некои корисници на социјалните мрежи се жалеа дека се срамежливи, додека други се пофалија со својата фигура.

„Конечно можност за мене, и онака сум градена како фигурина на Венера“, „Ех да не бев срамежлив, ете паричка“, „Каква среќа имам јас, да се пријавам ќе играм маж кој оди на работа “, беа дел од коментарите.

Извор: Индекс.хр

Гази Баба ги подели решенијата за субвенциите за клима уреди и уреди на ТНГ

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги подели решенијата за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди и вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата.

Интересот на граѓаните за субвенциите кои ги реализира општината од година во година се зголемува, а изминатите две и половина години од буџетот на општина Гази Баба преку субвенциите кон граѓаните се вратени повеќе од 15 милиони денари.

За настанот со објава на својата официјална страна информираше градоначалниот Стефковски кој напиша:

Задоволни граѓани, среќна општина

Денес имав можност да ги доделам решенијата за субвенционирање на граѓаните кои извршиле набавка на инвертер клима уред и оние граѓани кои вградиле уред за течен нафтен гас во своите возила.

Изминатите две и половина години од мојот мандат од општинскиот буџет преку субвенции кон граѓаните се вратени повеќе од 15.000.000 денари.

Ова се одлични мерки за директна финансиска помош на граѓаните и истите ќе продолжиме да ги реализираме и во иднина.

Од првиот ден на мојот мандат кажав дека парите од буџетот им припаѓаат на граѓаните и место за непродуктивни трошоци нема да има.

За мене нема ручеци на сметка на општината, репрезентација и службено возило бидејќи мојата цел не се личните привилегии кои ги нуди функцијата, туку одговорноста за реализацијата на проекти за моите сограѓани! - напиша Стефковски.

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места

 Стапката на невработеност во САД благо се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто во јуни, додека во спомнатиот месец се отворени 206.000 нови работни места, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека во јуни ќе бидат отворени 190.000 нови работни места во САД.

Најмногу нови работни места се отворени во јавниот сектор 70.000, здравството 49.000, социјалните служби 34.000 и градежништвото 27.000./МИА

притисни ентер