Охридскиот актер Никола Тодороски со настапи како стенд-ап комичар во Лондон

Охридскиот актер Никола Тодороски како стенд-ап комичар првпат се претстави пред англиската јавност, настапувајќи во повеќе клубови во Лондон меѓу кои и во познатиот „Comedy store“, клубот во кој самостојно настапувале светски познатите комичари како Робин Вилијамс, Џери Сајнфилд, Крис Рок и други.


За охридскиот актер настапите во Лондон се непроценливо искуство кога е во прашање стенд-ап комедијата, актерскиот израз во кој Тодороски веќе три години успешно гради самостојна кариера.

- Настапив во клубовите „Comedy store“, во Headliners comedy club и во Party&Peace клубот. Овие мои настапи секако ќе резултираат со промени и во натамошниот тек на мојата кариера како стенд-ап комичар, но како било, она што можам да потврдам дека дефинитивно повторно ќе се вратам со настапи во Лондон, изјави Тодороски.

Актерот Тодороски рече дека најголем предизвик било како подготвениот материјал да биде презентиран на англиски јазик, што секако не е лесна задача, особено во специфичниот израз каков што е стенд-ап комедијата.

Тој неодамна имаше свои настапи и во клубови за комичари во Амстердам, два самостојни настапи во Словенија, како и настап во познатото „Студио стенд-ап смијеха“ во Загреб. Тука вреди да се напоменат бројните негови настапи како стенд-ап комичар низ земјата, како и четирите настапи во „Универзалната сала“ во Скопје, од кои три заедно со негови колеги комичари, а еден како самостоен целовечерен настап.

За градењето кариера во стенд-ап комедијата Тодорски вели дека не е лесно оттаму што сите негови досегашни настапи и гостувања во странство се целосно на личен трошок, односно без каква и да било поддршка.

Независно од околностите, тој е цврсто решен да продолжи да биде активен во тој сегмент од неговата актерска кариера, паралелно со неговите професионални ангажмани како актер во неодамна обновениот Народен театар од Охрид.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Буенос Аирес доби 60 годишна Мисица

Откако беше објавено дека Алехандра Мариса Родригез стана Мис Универзум Буенос Аирес Алехандра на 60 години, цел свет сега зборува за неа.

Убавата Алехандра по професија е новинарка и адвокатка. Таа ја освои титулата за најубава жена во милионскиот Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби можност да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година. Тоа значеше дека изборот за Мис веќе не е резервиран само за девојки на возраст од 18 до 28 години. Според новиот закон сега се бара само учесничките во изборот да бидат полнолетни. Алехандра во новиот закон ја видела можноста за учество пријавила и на крајот победила многу помлади девојки.

Сега таа ја открива тајната на нејзиниот одличен изглед.

- Неопходно е да се живее здраво, да се јаде добро, да се занимаваш со физичка активност - изјави таа за локалната телевизија Ел Трече и додаде:

- Она што се трудам е да постам повремено, мислам дека многу помага. Потоа се трудам да јадам органска храна, многу овошје, многу зеленчук и користам добри креми.

притисни ентер