Охридски маратон на 10 или 11 септември, обезбеден награден фонд од 10 илјади евра

Традицијата продолжува, пливачите и годинава, иако со двoнеделно задоцнување ќе бидат дел од Охридскиот маратон. 

Агенцијата за млади и спорт со 10.000 евра за наградниот фонд и Општина Охрид со 2 милиони денари за организациски трошоци ќе ја финансираат манифестацијата. Маратонот кој вообичаено се одржува на крајот на август, годинава ќе се одржи на 10 или 11 септември. Тој опстојувал 60 години и во потешки времиња, па ќе опстои и понатаму, порачаа АМС и О. Охрид на прес-конференцијата.

-Средствата ќе се префрлат на охридски клуб и ќе се организира маратонот. Неизмерна е среќата што пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Маратонот не е обична спортска манифестација тој е многу повеќе од тоа. Тоа е чувство сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. – соопштија од О. Охрид на денешната прес-конференција, додека пак од Агенцијата упатија критика кон пливачката федерација.

-Проблемите во пливачката федерација не се отсега. Не може сиет обврски кои се под нивна надлежност да се исклучуваат и да се ставаат под тепих. Агенцијата за млади и спорт ќе го обезбеди наградниот фонд, сместувањето и се она што ќе произлезе иако се уште не знаеме колкави средства ќе се потребни. – Порачаа од АМС

Јане Карајованов е пливач кој што веќе 10 пати се натпреварувал на Охридскиот маратон, а денеска е член на организацискиот одбор на Националната пливачка федерација. Маратонот за него има големо значење, па за Канал 5 вели дека е среќен што на крајот сепак ќе се одржи, но го осуди начинот на кој традицијата ќе продолжи. Оние кои што сега се појавија во улога на спасители на Охридскиот маратон, Општина Охрид и АМС, вели еден месец дена одбивале да го финансираат или пак нуделе симболични средства, се додека информацијата за прекинот на манифестацијата не предизвика бура реакции во јавноста, вели Карајованов.

-По нашиот состанок ни беше кажано дека нема да се најдат пари, не можат да се префрлат пари, баш поради тоа што сметката на маратонот е блокирана, после тоа делегации од федерацијата има состанок со локалната самоуправа во Охрид каде што им кажаа дека ќе има некоја сума на пари која што воопшто и не е задоволителна да се одржи нивото на охридскиот маратон и на сите тие состаноци кажано беше доколку не се обезбедат пари нема да може да се организира маратонот. Кога целата таа информација излезе во јавност, одеднаш се најдоа и пари и средства и едните и другите се натпреваруваа самите со себе кој повеќе ќе даде и кој ќе го организира маратонот.

Тој воедно дополни што оваа манифестација значи за Македонија и воопшто за промоција на самата земја.

-Традицијата се знае што значи за секоја држава, значи нешто по што си познат, а ние по Охридскиот маратон и не само поради маратонот туку и по самиот град Охрид и охридското езеро, познати сме по едно од најубавите езера, а во едно и една од најубавите трки во светот.

Во 60 годишното постоење, маратонот бил домаќин на бројни светски истакнати пливачи, како и на најзначајните македонски маратонци, Дики и Атина Бојаџи, Нико Нестор и Климе Савин по кој е наречена тркачката патека од 30км.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Петровска: 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки

„ Bараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. “

Ќе ставиме акцент на прашањата за кои граѓаните сме воочиле дека чувствуваат слабост кај нас. Можеби гласачите што гласале во првиот круг за Османи, Таравари или Димитриевски во вториот круг нема да бидат мотивирани да гласаат, од тука не би прифатила дефиниција за префрлање гласовии. Со оглед на пристапот што и до сега го имаше Претседателот Пендаровски го имаше изминатите пет години и неделбата на граѓаните по социјална или верска основа, можеби ќе му донесе и повеќе гласови во втор круг, а со тоа можен е пресврт. Се што нудат од 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки, а бараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. Клучните проблеми на граѓаните не ги решаваа, и сега ја извртуваат тезата сакајќи да играат на картата на патриотизам и непотребно го билдаа, а кај нив знаеме дека е лажен. Прво повикуваа на обединување само на Македонските партии, а потоа кога сфатија дека им е погрешна стратегијата, ја променија, рече Славјанка Петровска носител на листа во ИЕ6 во вечерашната Само Вистина.

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест,претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните  им се потребни подобри услови

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

„Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно“, рече Пендаровски пред присутните.

Во оваа насока тој додаде дека и натаму ќе се залага за концептот на заедништво, бидејќи смета дека сите граѓани мора да бидат еднакви. „Отсекогаш сме биле мултиетничка држава и единствениот рецепт за просперитет е да се почитуваме едни со други“, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

„Тогаш ќе ја видиме вистинската слика на тоа каква ја сакаме Македонија – внатре без две или три категории на граѓани, во која сме солидарни, во која си помагаме еден со друг, стари на млади, млади на стари, Македонци на Власи, Власи на Албанци, Албанци на Турци и.т.н. Една сложна фамилија. И убеден сум дека има мнозинство такви граѓани“, додаде Пендаровски.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, соопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер